Љупчо Попоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Попоски
Роден 1927 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал ноември, 1943 година
Вранештица, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Љупчо Цветанов Попоски ( 1927 во Кичево1943 во Вранештица, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Како младинец имал можност да се сретнува со повеќе партиски активности кои одржувале средби во неговата куќа. Во неговата кука престојувал ѝ Светозар Вукмановиќ-Темпо. Овие средби влијаеле ѝ Љупчо да биде организиран. Во летото 1943 година станал член на СКОЈ, а во есента стапил во единиците на Кичевскиот одред од Групата баталјони. Подоцна бил во Првата македонско-косовска бригада. Како борец со Бригадата учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а при крајот на ноември 1943 година загинал кај селото Вранештица.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 102.