Црква Светото Срце Исусово (Подгорица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од црквата

Црквата на Светото Срце Исусово е единствената Римокатоличка црква во Подгорица, Црна Гора. Изградена во 1969 година, на местото на црквата во центарот на градот која била урната за време на бомбардирањето на Подгорица за време на Втората светска војна. Црквата е уникатен пример за бруталистичка архитектура. Се наоѓа во населбата Коник во Подгорица.

Градба[уреди | уреди извор]

Катедралата е изградена во 1969 година, три години по реконструкцијата на католичката парохија во градот. Дизајнирана е од проф. инж. Звонимир Вркљан од Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Хрватска, а изграден е да личи на брод. Александар Токиќ ја осветил на 29 јуни 1969 година, тогашен архиепископ на Римокатоличката надбискупија Барска.[1] Црквата има самостојна камбанарија висока 40 метри, со бетонски спирални скали. Црковниот комплекс се простира на 25 метри, а светлината што го осветлува главниот олтар поминува низ високата кула.[2] Фасадата на катедралата никогаш не била завршена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Istorija župe | Don Bosko Podgorica“. Donbosko.me. 1969-06-29. Архивирано од изворникот на 2013-02-04. Посетено на 2012-10-01.
  2. „Church of the Holy Heart of Jesus - Sightseeing in Podgorica“. Inyourpocket.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-04. Посетено на 2012-10-01.