ФК Сидтирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сидтирол
Целосно имеФудбал клуб Зудтирол
ПрекарБјанкороси (бело-црвени)
Тиролези (Тиролци)
Основан1974
СтадионСтадион Друзо
Болцано, Италија
Капацитет5,500
ПретседателИталија Герхард Компер
ТренерИталија Федерико Валенте
ЛигаСерија Б Серија Б
2022-2023Серија Б, 6-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Фудбал Клуб Сидтирол, познат уште како Сидтирол-Алто Адиџе, Сидтирол Болцано-Бозен или само Сидтиролиталијански фудбалски клуб од Болцано, регионот Трентино-Јужен Тирол. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2021-2022 за првпат во својата историја клубот изборил промоција во оваа дивизија.

Сидтирол бил основан во Бресаноне во 1974 година како дел од спортскиот клуб Шпорт Ферајн Миланд, но во 1995 година се одвоил од „матичната компанија“, кога бил и преименуван во ФК Сидтирол-Алто Адиџе и ги прифатил белата и црвената боја како свои клупски бои; потоа името било скратено во ФК Сидтирол во 2000 година, годината на професионално деби на клубот и неговата преселба во Болцано. Новото име ја симболизира намерата на клубот да го претставува не само главниот град, туку и целата територија во соодветната провинција.

Сидтирол е еден од најуспешните клубови во италијанскиот регион Трентино-Јужен Тирол и има најмногу сезони поминати во професионалните лиги во Италија. Со освојувањето на групата А во Серија Ц 2021-2022, клубот ја добил својата прва историска промоција во Серија Б, станувајќи единствениот клуб од Трентино-Јужен Тирол што постигнал слична цел откако првенството се игра во една група (претходно само Болцано одиграл една година во Серија Б, во сезоната 1947-1948). Во сезоната 2022-2023, откако многу пред крајот на првенството го обезбедил опстанокот (играјќи дури во плејофот за промоција во Серија А), Сидтирол поставил апсолутен и невиден рекорд за регионалниот фудбал, потврдувајќи го своето учество во второто ниво на италијанскиот фудбал за втора година по ред.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Друзо, кој има капацитет од 5,500 седечки места.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Џакомо Полуци
2 Италија ОД Филипо Скаља
3 Италија ОД Андреа Кањано
4 Италија СР Томазо Аригони
5 Франција ОД Кевин Винето
8 Италија СР Алесандро Маламо
9 Италија НП Емануеле Пекорино
11 Италија СР Рикардо Черво
12 Италија ГМ Џакомо Драго
15 Италија СР Џереми Бро
17 Италија СР Даниеле Казираги
18 Италија НП Матео Ровер
21 Италија СР Фабијан Таит
22 Италија ГМ Стефан Алекс Дреган
Бр. Позиција Играч
23 Италија НП Никола Раути
24 Италија ОД Симоне Дави
26 Италија НП Андреа Чиско
27 Словенија СР Јасмин Куртиќ
28 Италија ОД Рафаел Кофлер
30 Италија ОД Андреа Џорџини
33 Албанија НП Силвио Меркај
42 Белгија СР Дауда Питерс
55 Италија ОД Андреа Масиело
77 Италија СР Лоренцо Лонарди
79 Италија СР Салваторе Молина
90 Италија НП Рафаел Одогву
94 Мароко ОД Хамза Ел Каукиби

Бои и симболи[уреди | уреди извор]

Знамето на автономната провинција Болцано.

Од 1995 година, боите на Сидтирол се бела и црвена, позајмени од историската симболика хералдика на провинцијата и на градот Болцано (а пред тоа историскиот Тирол). Општо земено, белата боја преовладува на домашниот дрес, додека кај резервните (еден или два, во зависност од спонзорските договори) усвоени се боите црвена, црна, сина, жолта, зелена,[1] дури и виолетова како што било во сезоната на дебито во Серија Б.[2]

Шаблоните избрани низ годините за домашните дресови биле различни: во првите две сезони, од 1995 до 1997 година, клубот настапувал во дресови со бело-црвени вертикални риги,[3] по што, во сезоната 1997-1998, бил во употреба дрес со бела основа со дезен на назабени црвени линии во горниот дел од торзото, избледени на дното. Помеѓу 1998 и 2000 година тие избрале дрес во „стилот на Ајакс", со бела боја со голем централен црвен „столб“, кој потоа еволуирал во дрес во целосно црвена боја само со бели ракави за првиот дел од сезоната 2000-2001 а потоа во шаблон кој имал бело торзо и црвени страни и ракави со минимална појава на црна боја. Во следните сезони до 2013 година, клубот играл во претежно бели домашни дресови, во кои црвената боја била сведена на украси и на рабовите од кројот.[1]

Најчудното и најтрајно решение (и затоа е иконски поврзано со клубот) било она што во 2013 го дизајнирал дизајнерот Антонино Бенинкаса (веќе автор на логото на Зимските олимписки игри 2006) во име на техничкиот спонзор Garman, потоа изгласан преку интернет од навивачите на клубот и последователно останал во употреба до сезоната 2016-2017:[4]

  • домашната опрема била изработена од главно бел дрес, со црвено-бел ромбоиден кариран дезен втиснат на торзото кој се протега дијагонално кон десното рамо и ја покрива целата соодветна страна на дресот. Бели шорцеви со црвени симетрични линии, исто како и на чорапите. Броевите и натписите биле во црвено.
  • гостинскиот дрес бил во црвена боја, украсен на торзото со бели спирални мотиви кои се протегаат до ракавите. Црвени шорцеви со бели линии, исто како и на чорапите. Броевите и натписите биле во бело.

Еволуција на дресовите[уреди | уреди извор]

Дома
Домашен 1995-1997
Домашен 1997-1998
Домашен 1998-2000
Домашен 2000-2001 (1)
Домашен 2000-2001 (2)
Домашен 2001-2006
Домашен 2006-2009
Домашен 2009-2011
Домашен 2011-2012
Домашен 2012-2013
Домашен 2013-2017
Домашен 2017-2018
Домашен 2018-2020
Домашен 2020-2021
Домашен 2021-2022
Домашен 2022-2023
Домашен 2023-2024

 

Гости
Гостински 2000-2001
Гостински 2013-2017
Гостински 2018-2020
Гостински 2020-2021
Гостински 2021-2022
Гостински 2022-2023
Гостински 2023-2024

Титули[уреди | уреди извор]

Интеррегионални натпреварувања[уреди | уреди извор]

2021-2022 (група А)
2009-2010 (група А)
1999-2000 (група Ц)

Регионални натпреварувања[уреди | уреди извор]

1996-1997

Статистика[уреди | уреди извор]

Учество во првенства[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Серија Б 2 2022-2023 2023-2024 2
Лега Про Прима Дивизионе 4 2010-2011 2013-2014 12
Лега Про 3 2014-2015 2016-2017
Серија Ц 5 2017-2018 2021-2022
Серија Ц2 8 2000-2001 2007-2008 10
Лега Про Секонда Дивизионе 2 2008-2009 2009-2010
Кампионато Национале Дилетанти 2 1997-1998 1998-1999 3
Серија Д 1 1999-2000

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 L'evoluzione delle maglie da gioco è ricostruita tramite Празен навод (help)
  2. „CALCIO SERIE B: LA NUOVA MAGLIA AWAY DELL'FC SUEDTIROL“. radionbc.it. 4 август 2022. Посетено на 17 септември 2022.
  3. „Maglia celebrativa - FC Südtirol - Alto Adige“. fc-suedtirol.com. 26 мај 2021. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 8 јуни 2022. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  4. Niccolò Mailli (17 октомври 2013). „Maglie Sudtirol 2013-2014 Garman scelte dai tifosi“. Passione Maglie. Посетено на 7 авгсут 2022. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]