Стара крушевска чаршија

Од Википедија — слободната енциклопедија

41°22′07″N 21°14′56″E / 41.36865867302451° СГШ; 21.248854089976337° ИГД / 41.36865867302451; 21.248854089976337

Низ чаршијата.
Карта
Карта на Чаршијата.

Крушевската чаршија — трговски и културно-историски дел во средиштето на Крушево и една од најголемите знаменитости на гратчето.

Историја[уреди | уреди извор]

Порано во Крушево имало над двесте калајџии, кои учеле занает главно во Грција или Романија. Имало голем број на кројачи, ткајачи кои изработувале килими и јамболии од домашна волна. Во Крушево имало голем број на воденици кои сега се разурнати, а постоела и мелница за брашно. Исто така, имало и голем број на свеќари, фурнаџии, налбати, дограмаџии, бравари, казанџии. Работеле дваесет и осум чевлари, а има податоци дека кај нив занаетот го учеле голем број на чевлари од Прилеп и Битола. Имало и осум ковачи, како и сто и две групи на калајџии во османлиско време, кои оделе да заработуваат со својот занает и во соседните територии, како Бугарија, Албанија и Грција сè до почетокот на Балканските војни.[1]

Во Крушево имало анови кои имале доста работа во тоа време. Нуделе преноќиште за доста трговци кои врвеле со коњи и карвани. Имало и доста кафеани, а постарите се сеќаваат на првата ледница за мраз и првиот крушевски сладолед до 1924 година. Постоел дури и безистен, кој изгорел за време на Илинденското востание. Денес во крушевската чаршија останати се само неколку дуќани од времето пред востанието.[1]

Постојат податоци дека крушевскиот еснаф имал каса за погребување на сиромашните. Трговците сами ги кажувале своите приходи и врз таа основа се правела средна цена на данокот, така што на тој начин сите биле задоволни. Крушевскиот еснаф бил силен и влијателен, препознатлив по тоа што се штител и се борел за своите права. Секој еснаф си имал своја слава, на различен празник кога задолжително се одело прво во црква, а потоа се славело во домашна атмосфера.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Прешоски, Наум (22 април 2020). „Крушевска чаршија – синоним за образование, начин на живот и солидарност“. weekendinkrusevo.com. Архивирано од изворникот на 11 март 2022. Посетено на 11 март 2022.