Википедија:Коментари за корисничкото искуство/Нови можности

Од Википедија — слободната енциклопедија
Снимка од екранот од новата навигација на Википедија (зголеми)
Снимка од екранот од посредникот за уредување (зголеми)
Снимка од екранот од волшебникот за создавање врски

Екипата за корисничко искуство на Фондацијата Викимедија работеше со доброволци од заедницата за да ви ги олесни нештата. Со задоволство ве известуваме за направените подобрувања, новиот изглед и чувство, како и упростените функции за уредување. Овие промени имаат за цел да им го олеснат почетокот на новите учесници, и се засноваат na минатогодишните испитувања на употребливоста. одобрувањето на употребливоста на проектите претставува приоритет за Фондацијата Викимедија и во иднина ќе продолжиме да ве известуваме за воведените новини. За повеќе информации, посетете го соодветниот блог-напис на Викимедија.

Еве што променивме

  • Навигација: а подобривме навигацијата за читање и уредување на страниците. Сега менијата над секоја страница појасно укажуваат на тоа дали ја гледате страницата или разговорна страница, и дали ја читате или уредувате страницата.
  • Подобрен алатник: Го преорганизиравме алатникот за полесна употреба. Сега форматирањето на страниците е упростено и поинтуитивно.
  • Помошник за врски: Едноставна алатка која овозможува додавање врски до други вики-страници како и до надворешни мрежни места.
  • Подобрено пребарување: Ги подобривме предлозите при пребарување за што побрзо да ви ја најдеме страницата што ја барате.
  • Други нови функции: Воведовме и помошник за табели со чија помош табелите се прават полесно, а има и можност за пронаоѓање и заменување, со што се упростува уредувањето на страницата.
  • Логото на Википедија: Го подновивме и логото. Прочитајте повеќе на блогот на Викимедија.

Коментари?

Со задоволство би сакале да го чуеме вашето мислење. Посетете ја страницата за коментари и оставете коментар или пак, ако сте заинтересирани за нашите постојани напори за подобрување на програмот, одете на нашето вики посветено на употребливоста и дознајте повеќе.