Општина Симитли (бугарски: Община Симитли) — општина во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија. Центар на општината е градот Симитли. Општината има 18 населени места со вкупно население од 14.904 жители (2015).