Седмобој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атлетика
Седмобој
Светски рекорди
МажиСАД Ештон Итон 6645 бода (2012)
ЖениСАД Џеки Џојнер-Керси 7291 бода (1988)
Олимписки рекорди
ЖениСАД Џеки Џојнер-Керси 7291 бода (1988)
Рекорди на светски првенства
ЖениСАД Џеки Џојнер-Керси 7128 бода (1987)
Татјана Чернова, Џесика Енис-Хил и Лили Шварцкопф во финалната трка на 800 m на седмобојот на Олимпијадата 2012

Седмобој[1][2] или хептатлон (грчки хепта (έπτά) значи седум, а атлон значи натпревар) — атлетски повеќебоен натпревар кој се состои од седум атлетски дисциплини.

Постојат два вида седмобој:

  • седмобој за жени, кој се одржува во текот на два дена според следниот распоред:
    • прв ден: 100 m со пречки, скок во височина, фрлање ѓуле, 200 m
    • втор ден: скок во далечина, фрлање копје, 800 м
  • седмобојот во сала за мажи е скратен облик на десеттобојот:
    • прв ден: 60 m, скок во далечина, фрлање ѓуле, скок во височина
    • втор ден: 60 m со пречки, скок со стап, 1000 m

Според посебните табели на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), резултатите се претвораат во бодови и се собираат. Победник е седмобојката и седмобоецот со најголем број бодови.

Седмобојот бил воведен во 1980-тите како замена за петобојот, кој дотогаш бил вообичаено повеќебојно натпреварување за жени.

Сегашен светски рекорд за жени:

Резултати по дисциплини при соборување на светскиот рекорд

Дисциплина Резултат
100 m со пречки 12,69 с
скок во височина 1,86 м
фрлање ѓуле 15,80 м
200 м 22,56 с
скок во далечина 7,27 м
фрлање копје 45,66 м
800 м 2:08,51 с

Светска ранг листа на седмобојки[уреди | уреди извор]

(состојба 1 декември 2017 година)

Бодови Атлетичарка Држава Место, држава датум
7.291 Џеки Џојнер-Керси  САД Сеул, Јужна Кореја 24 септември 1988 година .
7.032 Керолин Клифт  Шведска Осака, Јапонија 26 август 2007 г
7.013 Нафисат Тиам  Белгија Гецис, Австрија 20 мај 2017
7.007 Лариса Турчинскаја  СССР Брјанск СССР 11 јуни 1989
6.985 Сабине Браун  Германија Гецис, Австрија 31 мај 1992
6.955 Џесика Енис-Хил  Обединето Кралство Лондон, Обединето Кралство 4 август 2012
6.946 Сабине Џон  Источна Германија Потсдам, Источна Германија 6 мај 1984
6.942 Бадас Шо  Сирија Гецис, Австрија 26 мај 1996
6.935 Рамона Нојберт  Источна Германија Москва, СССР 19 јуни 1983
6.889 Јунис Барбер  Франција Арл, Франција 5 јуни 2005
6.859 Наталија Шубенкова  СССР Киев, СССР 21 јуни 1984
6.858 Анке Фатер-Бемер  Источна Германија Сеул, Јужна Кореја 24 септември 1988

Победнички на светски првенства[уреди | уреди извор]

Олимписки победнички[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]