На работ на разумот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„На работ на умот“ — роман на Мирослав Крлежа, првпат е објавен во 1938 година во Загреб. Второто издание било објавено во 1954 година. Тоој е единствениот роман на Крлежа напишан во прво лице еднина.[1]

Крлежа го напишал романот под влијание на на Камовата Исушени калници, од каде го презел пишувањето во прво лице и пристапот кон стварни настани и луѓе за овој роман. Крлежа изгледа дека бил завидлив. Иако најдобро го познавал животописот на Камов, тој направил сè за никогаш да не се појави романот Исушени калници, под чие влијание го напишал На работ на разумот. Романот на Камов не бил објавен до неговата смрт во 1981 година.[2]

Дејство и структура[уреди | уреди извор]

Раскажувачот и главен лик е доктор по правни науки кој доаѓа во судир со граѓанското загрепско друштво на лицемерие на кое и самиот припаѓал. Бил изопштен и завршува в затвор. Настаните што тој ги раскажува се случуваат во текот на две години. На самиот почеток темата е означена како „човечка глупост“. Романот се состои од меѓусебно слабо поврзани епизоди. Во некои од тие епизоди се воведуваат напоредни настани поврзани со поединечните ликови кои потоа исчезнуваат и им отстапуваат место на други.[1]

Судирот на главниот лик со општеството започнува кога морално го осудува индустријалецот Домаќински како извршител на злосторства врз селаните, но и како идеолошки претставник на „општествените институции“. Околу Домаќински има ликови на зависници од моќ и припадници на општествената елита, прикажани гротескно и карикирано или како маски и безлични човечки кукли. Наспроти нив се наоѓаат ликови за кои раскажувачот има симпатии - неговиот затворски соговорник Синек, по занимање инженер, неговата младешка љубов Ванда, жената од полусветот Јадвига Јесенска, провалникот Матко. Највидно место зазема загорскиот селанец Валент Жганец, викан Вудрига. Во еден момент, раскажувачот му дава збор, а преку неговиот монолог во романот влегува „субверзивна“ кајкавштина и милитантниот прекар на ликот на Вале се однесува на традицијата на селските бунтови (Стубичанец!) и на „покојниот Стипе“ (Радиќ). Со ова Крлежа предупредува на превратничките потенцијали на хрватскиот обичен народ.[1]

Романот има 12 симетрично организирани поглавја. Шестото поглавје е средиште на структурата. Нему му претходат поглавја во кои главниот лик прави провокативен чекор (2), и ги предизвикува реакциите на сограѓаните (3 и 4), со кои се поврзани и поглавјата 10 и 11. Поглавјата 7, 8 и 9 се поврзани со темата на затворот со саморефлексии и дијалози. Во 12. поглавје, раскажувачот излегува на слобода, и во него е дадена општа размисла за минатиот настан и ги спојува сите обвинувања против општеството како целина.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 LZMK, Krležijana, Na rubu pameti Архивирано на 12. siječnja 2018.. (pristupljeno 11. siječnja 2018.)
  2. Igor Žic, Deset biografskih sličica iz povijesti Rijeke, Janko Polić Kamov, prokletnik s Pećina, str. 94.-95., Književna Rijeka 1-2, 2017., pristupljeno 20. siječnja 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]