Манастир „Свети вмч. Георгиј“ - Пашино Рувци (монографија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастир „Свети вмч. Георгиј“ Пашино Рувци, Обршанска парохија
АвторЦветко Рулески
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ЖанрМонографија
ИздавачПечатница „Ацетони“ - Прилеп
Издадена
2021
Страници112
ISBN978-608-4746-41-6

Манастир „Свети вмч. Георгиј“ Пашино Рувци, Обршанска парохијамонографија за Пашинорувскиот манастир на Цветко Рулески, објавена од печатницата „Ацетони“ во 2021 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

На почетокот во монографијата е даден кус опис на Обршанската парохија, дел од Прилепското архијерејско намесништво. Следат описи на манастирите во соседните села придружени со фотографии.

Во вториот дел е опишан манастирот Св. Георгиј, од откривањето на темелите на старата црква, изградбата на манастирската црква врз постојните темели, осветувањето, градбата на конаците, уредувањето на просторот… Сето тоа е придружено со фотографии.

Третиот дел е посветен на говори за патронот Св. Георги. Се пренесува празнувањето на Ѓурѓовден. На крајот се податоците за сите манастири во земјата и во странство со името Св. Ѓорѓи.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Рулески, Цветко (2021). Манастир „Свети вмч. Георгиј“ Пашино Рувци, Обршанска парохија. Прилеп: Печатница „Ацетони“. стр. 112. ISBN 978-608-4746-41-6. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. „КНИГА ЗА МАНАСТИРОТ СВ. ГЕОРГИЈ ВО ПАШИНО РУВЦИ ОД ЦВЕТКО РУЛЕСКИ“. Зенит. 1.5.2021. Посетено на 2024-05-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)