Википедија:.Вести

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија која секој може да ја уредува
144.278 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. Порано се верувало дека реброносците се појавиле пред сунѓерите во еволуцијата, кои самите се појавиле пред раздвојувањето на жаркарите и двостраните животни. Меѓутоа, повторната анализа на податоците покажала дека компјутерските алгоритми кои се користеле во анализата биле наведени кон погрешен резултат поради присуството на специфични гени на реброносците, кои биле значително поразлични од оние на другите испитувани видови. Неодамнешна молекуларно-филогенетска анализа заклучила дека заедничкиот предок на сите современи реброносци бил сличен на денешните цидипиди, и дека сите современи групи на реброносци се појавиле релативно неодамна, веројатно по масовното кредско–терциерното изумирање, пред 66 милиони години. Од 1980-тите години па навака, акумулирани се докази дека цидипидите не се монофилетична група на организми, со други зборови оваа група не ги опфаќа потомците на еден заеднички предок. (Дознајте повеќе...)

Дали сте знаеле дека…

Од најновите статии на Википедија:

Главната сала на „Валхала“
Главната сала на „Валхала“
Вести
На денешен ден…

Денес е 2 јуни, 2024

Настани:

1739  Во Стокхолм е основана Кралската шведска академија на науките.
1924  Конгресот на САД им го признач правото на државјанство на сите Индијанци.
1945  Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7 јуни 1945 година.
1946  Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија.
1966  На Месечината се спушти првиот американски вселенски бродСервејер-1“, без човечки екипаж.
2004  Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов.

Родени:

1535  Лав XIримски папа.
1835  Пиј X — римски папа.
1840  Томас Харди — англиски писател.
1857  Едвард Елгар — англиски композитор.
1904  Џони Вајсмилер — американски пливач и глумец.
1904  Франтишек Планичка — чехословачки фудбалер.
1917  Нада Зекманова Јакимова — македонска писателка за деца.
1922  Хуан Антонио Бардем — шпански режисер.
1931  Хусеин Тахмишчиќ — босански поет.
1936  Цане Здравковски — македонски писател.
1940  Константин II — крал на Грција.
1941  Бил Вајман — англиски рок-музичар, член на групата „Ролинг Стоунс“.
1941  Стејси Кич — американски глумец.
1949  Владимир Луков — бугарски поет.
1950  Момчило Вукотиќ — српски југословенски фудбалер.
1960  Тони Хедли — англиски поп-пејач, член на групата Спандау балеј.
1961  Дез Кадена — американски хардкор-музичар, член на групата Блек флег.
1966  Ивица Обрван — хрватски ракометар и тренер.
1968  Талант Дујшебаев — руски и шпански ракометар.
1968  Мајк Дин — англиски фудбалски судија.
1976  Игор Ангеловски — македонски фудбалер и тренер.
1977  Степан Шевчук — руски кану-спринтер.
1978  Роберт Петров — македонски фудбалер.
1981  Николај Давиденко — руски тенисер.
1984  Тајлер Фарар — американски велосипедист.
1986  Виктор Мелантев — руски кану-спринтер.
1988  Серхио Агуеро — аргентински фудбалер.
1989  Давиде Аполонио — италијански велосипедист.
1990  Михал Квјатковски — полски велосипедист.
2003  Јусуф Демир — австриски фудбалер.

Починале:

657  Евгениј I — римски папа.
1876  Светомир Николаевиќ — српски писател.
1876  Христо Ботев — бугарски револуционер.
1882  Џузепе Гарибалдииталијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција.
1937  Љубомир Милетиќ — бугарски научник.
1969  Радивој Кораќ — српски и југословенски кошаркар.
1984  Кирил Македонски — македонски композитор.
1987  Андре Сеговија — шпански гитарист.
1991  Ладислав Баришиќ — македонски и југословенски ликовен критичар.
2023  Аструд Жилбертобразилска пејачка на босанова.

Празници:

Италијанационален празник
Слика на денот

Водопадот Шисентимпел во Милертал, Луксембург.
Мултимедијална содржина
mini

Инсерт од филмски журнал за трите јадрени тестирања на архипелагот Ениветок (видеоинсерт)
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е специјален тип на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Помош за нови соработници — Место за добивање на помош околу уредувањето и за снаоѓање по Википедија.
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Биро за консултации — Служејќи како виртуелни библиотекари, нашите волонтери даваат одговори на вашите прашања од многу области.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на над 250 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија, непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Заедничка ризница
Заедничка медиумска колекција
Викивести
Извор на вести со бесплатна содржина
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка цитати
Викикниги
Бесплатни учебници и прирачници
Викиизвор
Библиотека на слободни дела
Викивидови
Директориум на видови
Викиуниверзитет
Слободни материјали и активности за учење
Мета-Вики
Координација на проектот „Викимедија“