Беровци
Беровци | |
Координати 41°17′51″N 21°29′47″E / 41.29750° СГШ; 21.49639° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Прилеп |
Население | 365 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20005 |
Надм. вис. | 612 м |
Беровци на општинската карта Атарот на Беровци во рамките на општината | |
Беровци на Ризницата |
Беровци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во јужниот дел на Прилепско Поле, на територијата на Општина Прилеп, недалеку од десната страна на патот Прилеп-Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 628 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 10 км.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 916,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 96,7 ха, а на шумите 41,5 ха. Селото има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беровци живееле 230 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беровци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Беровци се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Населбата е средна по големина, речиси без промени во бројот на населението. Во 1961 година селото броело 352 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Беровци има 334 жители, од кои 333 Македонци и еден останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 365 жители, од кои 340 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 23 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 120 | 252 | 302 | 352 | 375 | 357 | 355 | 353 | 334 | 365 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови[уреди | уреди извор]
Беровци е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Беровци се:
- Доселеници: Вршковци (2 к.), потекнуваат од предокот Марко, доселени се околу 1850 година од селото Ерековци; Куциовци (1 к.), доселени се околу 1850 година од селото Прилепец; Штрклевци (3 к.) и Милевци (2 к.), доселени се околу 1850 година од селото Галичани; Томевци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, таму имаат истоимени роднини; Беџовци (4 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Џелиловци (5 к.), доселени се од Марул и таму се доселиле однекаде; Черкезовци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, пред тоа живееле во Боротино и Лагово; Емровци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Кадино Село, подалечно потекло од Бела Црква; Јанчевци (5 к.), стари деленици од Емровци. Овие два рода во Бела Црква имале роднини тоа биле Куцовци. Подалечно потекло од Смилево во Железник; Јаричевци (1 к.), доселени се 1925 година од Алинци, таму припаѓале на родот Головодовци, подалечно потекло од селото Света во Железник; Алексовци (1 к.) доселени се од Леништа; Бутрак (1 к.), доселени се од Галичани, после 1918 година, гранка се од родот Бутраковци кои живеат во Големо Коњари, подалечно потекло непознато; Гулабовци (1 к.), доселени се во текот на Втората светска војна од селото Сливово во Дебрца; Грујовци (1 к.) доселени се од Мало Коњари и Апчевци (1 к.) доселени се од Прилеп пред 1912 година.[13]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Селска Црква — осамен наод од римско време;
- Кметица — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Црквиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1432 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Мојсовци (7 к.) иселени се во Веселчани, Вишиновци (5 к.), иселени се во Алинци, Трајковци (3 к.) се иселени во Мало Коњари, Апчевци (1 к.) иселени се во Мажучиште и Николовци се иселени во Шелеверци. Од родот Куциновци има иселеници во Прилеп.[13]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 27.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 332–333.
- ↑ Осветување на камен-темелник на нова црква во с. Беровци, Прилеп
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.