Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 143.216 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Telephone“ — песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритми. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Тревен волчји пајак (Hippasa holmerae) во неговата инчеста пајажина, Лаос.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Стапчиња за јадење
Стапчиња за јадење
На денешен ден…

Денес е 18 април 2024 г.

Настани:

1506  Осветени се темелите на денешната базилика „Св. Петар“ во Рим.
1941  Втора светска војна: Со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.
1942  Втора светска војна: Американското воздухопловство првпат го бомбардира Токио.
1951  Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик.
1954  Гамал Абдел Насер станал премиер и воен управник на Египет.
1955  Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“.
1980  Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Ханан Банана.
1991  Со победата против „Барселона“ со резултат 70:65, југословенската екипа „Поп '84“ од Сплит по третпат едноподруго станала европски првак во кошарка.
1994  Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда.
1996  Република Македонија и Република Руанда воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

Родени:

1480  Лукреција Борџија — ќерка на Родриго Борџија.
1590  Ахмед I — отомански султан.
1772  Дејвид Рикардо — англиски економист.
1874  Ивана Брлиќ-Мажураниќ — хрватска писателка.
1917  Фредерикакралица на Грција.
1920  Томо Софрониевски — македонски првоборец и политичар.
1939  Али Хамнеи — ирански политичар.
1940  Владимир Василјевруски и советски балетан.
1943  Џани Ривера — италијански фудбалер и политичар.
1947  Брајан Кинг — англиски фудбалер.
1960  Звездан Цветковиќ — југословенски и хрватски фудбалер и тренер.
1960  Гао Лудунг — кинески кајакар.
1966  Ксенија Маринковиќ — хрватска глумица.
1969  Румјана Желева — бугарски политичар.
1973  Хаиле Гебреселасие — етиопски атлетичар.
1977  Леополд Стоковски — американски диригент.
1981  Филип Јуричиќ — хрватски глумец.
1981  Максим Иглински — италијански велосипедист.
1981  Милан Јовановиќ — српски фудбалер.
1983  Лукас Себастијан Аедо — аргентински велосипедист.
1985  Лукаш Фабијански — полски фудбалер.
1986  Јаков Гојун — хрватски ракометар.
1987  Антони Ру — француски велосипедист.
1987  Иван Тричковски — македонски фудбалер.
1987  Метју Андерсон — американски одбојкар.
1989  Бојан Богдановиќ — хрватски кошаркар.
1990  Војќех Шчешни — полски фудбалер.
1993  Семјуел Холт — американски одбојкар.
1995  Дивок Ориги — белгиски фудбалер.

Починале:

1898  Гистав Моро — француски симболистички сликар.
1903  Константин Кирков — македонски револуционер.
1949  Леонард Блумфилд — американски јазичар.
1955  Алберт Ајнштајн — физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.
2010  Абу Ајуб ал Масри — член на Ал-Каеда.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич