Хашимотов тироидитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хашимотов тироидитис
СинонимиХашимотова болест
Штитна жлезда на лице со Хашимотов тироидитис
СпецијалностЕндокринологија
СимптомиБезболна гушавост, зголемување на телесната тежина, замор, констипација, депресија, сува кожа, губиток на коса
КомпликацииТироиден лимфом.
Вообичаена појава30–50 години
ПричинителиГенетски и фактори од средината.
Ризик-факториСемејна историја, друго автоимуно заболување
Дијагностички методTSH, T4, анти-тироидни автоантитела
Диференцијална дијагнозаБазедова болест, нетоксична нодуларна гушавост
ТретманЛевотироксин, хируршка интервенција
Честота5%
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси.[1] Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување.[2] Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Хашимотовиот тироидитис многу често резултира со хипотироидизам со периоди на хипертироидизам. Некои од симптомите се: микседематозна психоза, добивање во тежина, забрзан пулс, напади на паника,[1] депресија, манија, чувствителност на топлина и студ, парестезии, замор, брадикардија, тахикардија, зголемено ниво на холестерол, реактивна хипогликемија, констипација, мигрена, мускулна слабост, грчеви, губиток на меморија, неплодност и губиток на косата.

Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни.[3] Зголемувањето на жлездата повеќе се должи на лимфоцитната инфилтрација и фиброзата отколку на ткивната хипертрофија. Физиолошки, антителата насочени против штитната пероксидаза и/или тироглобулинот предизвикуваат постепено уништување на тироидните фоликули. Така, болеста може да се открие преку откривање на овие антитела во крвта. Болеста се одликува и со инвазија на ткивото на штитната жлезда со леукоцити, главно Т-лимфоцити и е во врска со Не-Хочкинов лимфом. Во подоцните стадиуми на болеста, пациентот може да има изглед на „лавовска маска“. Ова се опишува како длабоки брчки на лицето во делот околу усата и брадата и џебови на олабавено месо под и околу очите; изглед кој наликува на лав.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Што е болеста Хашимото?“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 19.
  2. Nakazawa, Donna (2008). The Autoimmune Epidemic. New York: Simon & Schuster. стр. 32–35. ISBN 9780743277754.
  3. Page 56 in: Staecker, Hinrich; Thomas R. Van De Water; Van de Water, Thomas R. (2006). Otolaryngology: basic science and clinical review. Stuttgart: Thieme. ISBN 0-86577-901-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори