Силикат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Силикатите (SiO44-) се многу сложени хемиски соединенија. Од нив растворливи во вода се само солите на алкалните метали, слично на карбонатите, додека силикатите на другите метали не се растворливи во вода. Заедно со силициум диоксидот, силикатите се главни материјали од кои е изградена Земјината кора. Во неа, пред се, се застапени силикатите на алуминиумот, железото и магнезиумот. Сите глини и повеќето карпи и почви се составени токму од овие силикати. Меѓу големиот број силикати најголемо значење има фелдспатот, кој е важна суровина во производството на порцелан и огноотпорен материјал.

Поврзано[уреди | уреди извор]