Божо Софрониевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Божо Софрониевски
Bozo sofr.JPG
Роден 1 март 1922
Волковија, Гостиварско
Починал 10 ноември 2001
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Мирно лето
Мементо
Занимање глумец
поет
писател


Во улогата на руски офицер во филмот Мементо (1967); Софрониевски во Мементо, 1967 год.

Божо Софрониевски (1 март 1922 во Волковија - 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радиски глумец, поет, драмски писател и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Софрониевски е роден во Волковија, Гостивар на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во (поранешното) Радио Скопје (денес Македонско радио) при тогашната РТВ Скопје (денес Македонска радио телевизија) каде што работел како радио глумец сè до крајот на својот работен век.

Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р. Македонија - „Мојата гитара“.[1]

2

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Благоја Петров Караѓуле" на YouTube од документарецот Песно не заборави ме: Благој Петров Караѓуле, режисер Д. Ѓорѓиоски, МТВ 1996 (28m40s-29m40s)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]