Багавад гита (санскр.भगवद् गीता, Bhagavad Gītā — „Песна на Бога“) е важен текст за хиндуизмот напишан на санскрит. Се почитува како света книга во хиндуизмот,[1][2] и се смета за еден од најважните религиозни класични дела во светот.[3] Багавад-гита е дел од Махабхарата, (Бишмапарва: 25 - 42) содржејќи 700 строфи. Учителот на Багавад-гита е Кришна, кој хиндусите го сметаат за врховна манифестација на Господ,[3] наречен Багаван — божествениот.[4]