Жофроа де Шарне

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жофроа де Шарне (околу 1251 - 18 март 1314) бил прецептор на Нормандија на темпларите. Тој бил жив запален, заедно со Жак де Молеј на 18 март 1314, на островот Ил де ла Сите, на реката Сена, во Париз. Шарне бил примен во редот на околу 17 години од страна на Амури де ла Рок, прецептор на Франција, во Етампс. На церемонијата бил присутен и Жан ле Франсес, прецептор на Педенак.

Годфроа де Шарне бил спален, заедно со Жак де Молеј во 1314, по признавањето на својата невиност и невиноста на темпларите. Се смета дека неговите последни зборови биле следниве:

„Ќе го следам мојот мајстор

Го убивте како маченик
Го направивте тоа и не знаевте
Дека денес сака Господ

И јас да умрам за редот како и тој.“[1][2]

Внукот на Жофроа де Шарне бил Жофроа де Шарни, чијашто вдовица, прва го изложила торинското платно во 1357 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Извонредно одвратни злосторства: Испрашувањето на витезите темплари, Едвард Бармен, 1994, стр.272
  2. Витези темплари: Историјат и митови на легендарниот витешки ред, Шон Мартин, 2005, стр.122 (ISBN 1-56025-645-1)