Фудбалско хулиганство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фудбалското хулиганство е бунтовно и девијантно однесување како што се вандализам,тепање и заплашување-од страна на фудбалските навивачи. Пресметките помеѓу приврзаниците на противнички тимови се случуваат пред или по фудбалските натправари на однапред договорени места надвор од стадионите ,со цел да се избегнат полициските апсења,но можат и спонтано да се случат на самите стадиони или на околните улици. Фудбалското хулиганство се движи од гласно навивање, тепачки(со тупаници)од помали размери и вознемирувања до големи немири каде навивачките групи се пресметуваат меѓусебно,користејќи смртоносни оружја како што се спортски палки,шишиња,камења и ножеви.Во некои случаи,пресметките на стадионите предизвикаа навивачите панично да бегаат ;од кои некои се повредени при пад на огради или ѕидови,а во најекстремните случаи,загинуваат хулигани,полицајци или случајни минувачи ,при што припадниците на специјалната полиција интервенираат со солзавец,оклопни возила и водени топови.

Фудбалската фирма (хулиганска организација или навивачка група што поседува илегални средства-уште позната како хулиганска група) е формирана банда,исклучиво за да се спротивстави и физички да ги нападне приврзаниците на другите клубови.Некои хулигански организации постојат за да промовираат маргинални политички цели,крајно лево и десно ориентирани,искажувајки ги своите политички идеали преку насилство,што од фудбалски поглед има минимално значење за клубот.Политичките ставови на” фудбалските фирми” не се исти со ставовите на другите поддржувачи на тимовите.Во 1970-тите и раните 1980-ти години,секојдневната субкултура го промени британското фудбалско хулиганство.Наместо да носат облека типична за работничката класа и поврзана со “скинхедс”,преку која полицијата лесно ги идентификуваше,членовите на групите почнаа да носат дизајнирана,скапа и импровизирана спортска облека.

Фудбалското хулиганство е прикажано во филмовите:I.D.,The Firm,The Football Factory,Green Street,Rise of the Footsoldier и Awaydays,kako и во книгите The Football Factory и Among the Thugs.Некои критичари тврдат дека овие медиумски претставувања искажуваат насилство и хулигански начин на живот.

Рана историја[уреди | уреди извор]

Првото појавување на фудбалското насилство е непознато,бидејќи со години многу фудбалски натпревари се одиграа низ целиот свет,но фудбалот и насилството отприлика датираат уште од 14-от век во Англија.Во 1314 година Едвард 2 го забранил фудбалот (кој тогаш беше насилен и слободен за сите и вклучуваше сопернички села кои високо шутираат топка направена од мочен меур од свиња во склоп на локалната здравствена институција)затоа што мислел дека нередите на околните натпревари можат да доведат до социјален немир па дури и до предавство.Наводно,првите регистрирани случаи на хулиганство во модерниот фудбал биле во 1880-тите години во Англија,период кога приврзаничките банди ги заплашувале соседствата и ги напаѓале судиите како и противничките приврзаници и играчи.Во 1885 година, после победата на Престон Норт Енд над Астон Вила со 5-0 во пријателски натпревар ,двата тима се маваа со камења и стапови,се плукаа и удираа со тупаници и клоци,при што еден играч на Престон беше толку силно претепан,што ја изгубил свеста.Новинарските извештаи од натпреварот ги опишале навивачите како “простаци што завиваат”.Наредната година,навивачите на Престон ги претепаа навивачите на Квинс Парк на железничка станица;што е наводно прв пример на фудбалско хулиганство далеку од натпревар.Во 1905 година,неколку навивачи на Престон беа осудени за хулигантво,вклучувајќи и пијана и насилна 70-годишна жена,по нивниот натпревар против Блекбурн Роверс.Помеѓу двете светски војни,не е регистриран случај на фудбалско хулиганство(иако на пример, теренот на Милвол наводно беше затворен во 1920,1934 и 1950 година по немири на толпа луѓе),но почна широко да го привлекува вниманието на медиумите во доцните 1950-ти,поради неговото повторно појавување во Латинска Америка. Во фудбалската сезона 1955-56 година,навивачите на англиските тимови Ливерпул и Евертон биле вклучени во голем број на инциденти.Од 1960-тите,секоја година во Англија биле пријавувани во просек по 25 инциденти.

Континентална Европа[уреди | уреди извор]

Белгија[уреди | уреди извор]

Фудбалското хулиганство во Белгија е чест проблем. Секој од големите тимови како Антверпен, Клуб Брухе, Андерлехт и Стандард од Лиеж имаат своја хулиганска група,што во минатото доведуваа до сериозни нереди меѓу овие клубови.

Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Хулиганството во Босна и Херцеговина е голем проблем.Најголемите проблеми ги прават навивачите на Зрињски(Ultras Mostar) и ФК Сарајево(Horde Zla),но постојат и многу други тимови кои имаат хулигани како поддржувачи:ФК Борац од Бања Лука(Lešinari),ФК Челик од Зеница(Robijaši) и ФК Широки Бријег (Škripari) исто така имаат проблематични навивачи.Обично безредија настануваат по натпреварите,во ресторани,барови итн. Лево ориентирани групи се навивачите на ФК Челик од Зеница(Robijaši),ФК Вележ од Мостар(Red Army),ФК Слобода од Тузла(Fukare) и ФК Жељезничар од Сараево(The Maniacs).Десно ориентирани се “муслиманските”навивачи на ФК Сарајево(Horde Zla) и српските навивачи на фудбалските клубови Борац од Бања Лука и Славија од источно Сараево.Навивачите на ФК Дрина од Зворник(Vukovi) се поврзани со четниците,додека навивачите на ФК Широки Бријег(Škripari) и ХСК Зрињски од Мостар (Ultras) се хрватски ориентирани и поврзани со усташите.

Хрватска[уреди | уреди извор]

Фудбалското хулиганство во Хрватска се состоеше од нереди поради меѓу-етничката нетрпеливост и политиките кои влијаеа за распадот на СФРЈ во 1990-тите години.Двете најпознати хулигански групи се “Torcida”(Хајдук од Сплит) и “Bad Blue Boys”(Динамо од Загреб),кои не се само хулигански организации;тие сè повеќе наликуваат на јужноамериканските поддржувачки групи “Torcida” и “Ultras” групите,со организирани “Тифос” итн. На 13 Мај 1990 година(пред распадот на Југославија) српскиот клуб Црвена Ѕвезда од Белград гостуваше во Загреб за да игра против Динамо на стадионот Максимир.Црвена Ѕвезда доведе повеќе од 3000 навивачи на натпреварот,заедно со сега покојниот Жељко Ражнатовиќ(познат како Аркан),нејзин истакнат член, водач на српската паравојска.Пред почетокот,избувнаа неколку мали тепачки.Полициските засилувања пристигнаа вооружени со оклопни возила и водени топови,тепајќи ги иклучиво навивачите на Динамо.Остана запаметена реакцијата на фудбалерот на Динамо,Звонимир Бобан кога го удри полицаецот,бранејќи навивач на Динамо,претепан од полицијата.Судирот,во кои беа повредени стотина луѓе ,траеше повеќе од еден час.Хулиганството во Хрватска е понекогаш поврзано со расизмот и национализмот,иако расистичките навреди,доколку се појават,се насочени исклучиво кон играчите на противничкиот клуб,а никогаш кон своите.

Етничката тензија меѓу Србите и Хрватите,исто така доведе до нивна пресметка на фудбалски натпревар во Австралија.На 13 Март 2005 година,Сиднеј Јунајтед(во кој играат Хрвати и кој е формиран од хрватски емигранти) и Бонајриг Вајт Иглс(во кој играат Срби и кој е формиран од српски емигрант)играа во Сиднеј,како дел од Новата Јужно-Велшка Премиер Лига.Околу 50 навивачи се судрија,што резултира со двајца повредени полицајци и петмина уапсени навивачи.Фудбалската федерација на Нов Јужен Велс одржа истрага за настаните,во која што двата клуба негираа дека тепачката била мотивирана врз расна основа или дека имало какво и да било етничко соперништво.

Хрватските хулигани се познати и по изведување на пиротехнички спектакли на стадионите во кои светлечки ракети(факели) и димни бомби се исфрлаат на теренот,предизвикувајќи одложување или откажување на натпреварот.Голем инцидент се случи во 2003 година во Рим за време на натпреварот Рома-Хајдук кога 900 членови на “Torcida” фрлија факели врз симпатизерите на Рома,што резултираше со судири со полицијата и повеќе повредени.

Во 2007 година, во Џенова се случи друг инцидент кога маскирани членови на "Torcida" ја нападнаа полицијата со тули,шишиња и камења.Безредијата продолжија на стадионот кога истите луѓе фрлаа столчиња на теренот и отпоздравуваа во нацистички стил.

Немири се случија и во 2006 г. во Осиек за време на мечот Осиек-Динамо.“Bad Blue Boys” и “Cohorta” се пресметаа пред натпреварот,при што еден навивач на Осиек се задоби со неколку рани од нож,по што следуваа напади на домашните навивачи врз полицијата и навивачите на Динамо со факели и камења.

Големи немири се случија во 2008г.во Прага пред мечот Спарта Прага-Динамо.Тие произлегоа поради поддршката на “ултранавивачите” на Спарта за Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.Околу 500 “Bad Blue Boys” направија хаос во центарот на градот,кршејќи продавници и напаѓајќи ја полицијата со факели,столчиња и камења.Епилогот е:приближно 300 приведени навивачи на Динамо и 8 повредени полицајци.Пред немирите,истите навивачи го провоцираа локалното ромско население со нацистички поздрави.

Големо безредие се случи на 1 Мај 2010 г. на стадионот Максимир кога “Bad Blue Boys” се пресметаа со полицијата,што резултираше со повеќе апсења и еден полицаец во критична здравствена состојба.По натпреварот продолжија пресметките,во кои еден навивач на Динамо беше застрелан од страна на полициски службеници.

Повеќето хрватски фудбалски поддржувачи се патриоти и националисти и често се собираат заедно на политички или самостојно организирани настани,за да ја поддржат националната идеја.Во 2008 г. локалните”Delije” нападнаа хрватски студентски дом во Вуковар.После 2 недели,хулиганските групи организираа голем собир.Во градот се собраа 2500 хрватски навивачи во потрага по српски навивачи,но големото полициско присуство спречи насилство од големи размери.Неколку недели по собирот,маскирани членови на “Cohorta” упаднаа на состанокот на навивачкиот клуб „Делије“ во Бобота ,напаѓајки ги нив и полицијата со факели и бејзбол палки,што резултираше со повеќе повреди.Огромен инцидент се случи во 2009 година,претходејќи му на натпреварот ФК Политехника од Темишвар против Динамо.Четиристотини членови на “Bad Blue Boys” предизвикаа нереди во центарот на градот и го нападнаа локалното српско и ромско население. Иако по инцидентот романската полиција притвори голем број навивачи на Динамо,ситуацијата повторно излезе од контрола,сега на стадионот на ФК Темишвар,кога 200 “Bad Blue Boys” ја урнаа заштитната ограда на теренот и ја нападнаа полицијата и противничките навивачи со столчиња,палки и факели,при што повредија неколку лица.Многу хрватски хулигански групи поставуваат нацистички знамиња на натпреварите и за членови имаат нео-нацистички “skinheads”.Инциденти се случија и кога”Bad Blue Boys“и “Torcida” ги навредуваа противничките фудбалери на расна основа поради црната боја на кожа,фрлајќи банани на теренот.Во 2010 г.во Копривница беше нападнат камерунски фудбалер,кој се здоби со сериозни повреди.

Во декември 2010 година,10 до 15 хулигани,членови на навивачката група “Tornado”(Задар), го нападнаа автобусот на КК Партизан со камења и тули,при што едно лице беше повредено.

Во истиот месец ,30 до 40 “Bad Blue Boys” нападнаа и запалија автобус со навивачи на ПАОК со камења,тули и пиротехнички средства, нанесувајќи им повреди на неколку грчки навивачи.

Франција[уреди | уреди извор]

Фудбалското хулиганство во Франција е вкоренето во социјаните конфликти и расизмот.Во 1990-тите навивачите на Париз Сен Жермен(ПСЖ) се тепаа со навивачи од Белгија,Германија,Италија и Шкотска.Постои долгогодишно северно/јужно соперништво помеѓу ПСЖ(Париз-север) и Олимпик Марсеј(Марсеј-југ),што ги натера властите да бидат исклучиво мобилизирани за време на натпреварите на овие 2 клуба.Вообичаена слика на нивните натпревари се насилни тепачки и немири,вклучувајќи палење на автомобили и кршење на стаклата од продавниците.Во 2000 г.жестокото соперништво стана исклучително насилно.На 24 Мај 2001 г. 50 навивачи беа повредени кога настана тепачка на натпреварот меѓу ПСЖ и турскиот клуб Галатасарај на стадионот Паркот на Принцовите.Првично ПСЖ доби парична казна од рекордни 571 000 долари,но преку жалбена постапка му беше намалена на 114 000 долари,а Галатасарај доби казна од 114 000 долари,но после тоа намалена на 28 000 долари.Во Мај 2001 г.шест навивачи на ПСЖ од Клубот на приврзаници,беа обвинети за напад,носење оружје,фрлање предмети на теренот и за расизам. Наводно,шестмината влегле во делот од стадионот Паркот на Принцовите каде се наоѓале француските навивачи од турско потекло,со цел да ги нападнат.За времетраењето на нивниот судски процес,тие беа протерани од сите фудбалски стадиони.

На 24 Ноември 2006 г.навивач на ПСЖ е убиен од полицијата,а друг сериозно повреден за време на судирите помеѓу навивачите и полицијата.До насилствата се дојде по поразот на ПСЖ од 4-2 од изрелскиот клуб Хапоел Тел Авив на Паркот на Принцовите во рамките на Купот на УЕФА.Навивачите на ПСЖ бркаа навивач на Хапоел,извикувајќи расистички и антисемитистички пароли.Нападнат беше полицаец во цивилна облека,кој се обидел да го заштити фанот на Хапоел, при што во хаосот, еден навивач е убиен и уште еден сериозно повреден.Како одговор на ова,францускиот министер за внатрешни работи Никола Саркози одржа состанок со претседателот на Француската Фудбалска Лига,Фредерик Тирие за да разговараат за расизмот и насилството во фудбалот.Генералниот директор на француската полиција,Мишел Годин напомена дека мерките против фудбалското хулиганство ги намалија расните инциденти на бројката од 6,за разлика од претходната сезона кога имаше 19 инциденти.Годин изјави и дека на 300 познати хулигани може да им биде забрането присуство на натпреварите.Навивачот кој беше застрелан,се поврзува со “Boulogne Boys”,група на навивачи која се поистоветува со британските хулигани од 1980-тите.Името на групата доаѓа од “Kop of Boulogne”(KOB),една од двете главни трибини на Паркот на Принцовите.”KOB” организираше тивок меморијален марш, на кој присуствуваа 300 луѓе,обвинувајќи ја полицијата за убиство на навивачот.Тие наведоа пристрасност во францускиот печат бидејќи го изнел ставот само на едната страна околу инцидентот.Францускиот претседател Жак Ширак го осуди настанот што доведе до пукањето,изјавувајќи дека бил згрозен од извештаите за расизам и антисемитизам,а францускиот премиер Доминик де Вилпен повика за нови,построги мерки во борбата против хулиганите.Обвинителството отвори истрага за инцидентот,за да утврди дали полицискиот службеник треба да добие кривична пријава.

На 4 Јануари 2006 година,пред натпреварот против Сошо, симпатизери со бела боја на кожа удираа со тупаници и клоци две млади лица од арапско потекло,пред влезот на “KOB” трибината.За време на натпреварот расистички навреди беа упатени кон црните фудбалери и кон играчот на ПСЖ од индиско потекло Викаш Дорасо,на кому му било речено:”оди продавај кикирики во метрото”.Два месеци подоцна,на 7 Март,тројца поддржувачи на ПСЖ беа осудени за довикување расиситички слогани на натпревар во февруари 2005 г.Тие добија парични казни од 90 до 120 американски долари и беа протерани од стадионот на период од 3 години. Во последните неколку години,по примерот на Велика Британија,француското законодавство воведе промени,вклучувајќи многу повеќе забрани за пристап на насилниците на стадионите.Заканата од распаѓање на навивачките групи исто така го зацврсти веќе видливото соперништво и насилство меѓу навивачите. Добро познатите хулигани на кои им е забранет влез,треба да се пријават во најблиската полициска станица вечерта пред натпреварот, за да докажат дека не се во близина на стадионот.Сепак,од 2009 година,хулиганството и неговите врски со екстремните десничарски,нео-нацистички и расистички/антисемитистички групи/симапатизери, се сè уште проблем во Франција.

Германија[уреди | уреди извор]

Дел од фудбалското хулиганство во Германија се поврзуваше со нео-нацизмот и екстремно десничарските групи.Во Јуни 1998 г. во Франција по натпреварот од Светското Фудбалско Првенство(ФИФА),помеѓу Германија и Југославија, германски навивачи претепаа еден полицаец,што доведе до оштетување на неговиот мозок.По настанот,германската полиција предупреди повеќе од 2000 познати германски хулигани дека ќе бидат уапсени доколку присуствуваат на престојните натпревари во Франција.Истата година еден германски навивач беше уапсен и обвинет за обид за убиство,а во 1999 г. уште четворица Германци беа уапсени за нападот.Во 2001 г.Маркус Варнеке,германскиот навивач обвинет за ораганизирање на нападот,беше прогласен за виновен и осуден на 5 години затвор.Тој беше протеран од Франција на период од 10 години и доби забрана за влез во сите спортски објекти во времетраење од 5 години.

Во Март 2005 г. германски приврзаници се степаа со полицијата и со противничките приврзаници на пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Словенија во Цеље (Словенија),оштетувајќи автомобили и продавници и извикувајќи расистички слогани.Иако Германската Фудбалска Асоцијација(ГФА) се извини за однесувањето,52 лица беа уапсени;од кои 40 Германци и 12 Словенци.После поразот од 2-0 од Словачка во Братислава,германските хулигани се судрија со локалната полиција,при што 6 лица беа повредени,а 2 лица однесени во притвор.ГФА пак се извини за однесувањето на хулиганите,кои повторно извикуваа расистички слогани.

Во Јуни 2006 г. Германија ја победи Полска во Дортмунд,во натпревар од завршницата на Светското Фудбалско Првенство,што доведе до насилни судири.Германските навивачи фрлаа столчиња,шишиња и петарди врз полицијата,по што следеше апсење на 300 лица,од кои 120 беа познати хулигани.Во Октомври 2006 г. беше основана работна група за да се справи со насилството и расизмот на германските фудбалски стадиони.Најтешкиот инцидент се случи на натпревар од Третата Северна Дивизија(Лига) помеѓу Б тимот на БСК Херта од Берлин и Динамо од Дрезден,во кој 23 полицајци беа повредени.Во Февруари 2007 г. во Саксонија,сите натпревари од ниските германски лиги,од петтата дивизија па надолу,беа откажани откако 800 навивачи нападнаа 300 полициски службеници(повредувајќи 39 од нив) по натпреварот помеѓу Локомотив од Лајпциг и втората екипа на Ерзгебирге Ауе.Завреме на Светското Фудбалско Првенство во 2010 г. имаше помали нарушувања на мирот кога после натпреварот Германија-Англија,толпа на германски приврзаници запалија англиско знаме во градот Дујсбург-Хамборн(Германија).

Грција[уреди | уреди извор]

Во Април 2007 г. во Грција,сите спортски центри беа затворени на 2 недели откако на 29 Март во Атина еден навивач загина во однапред договорена тепачка меѓу хулигани.Во пресметката беа вклучени 500 симпатизери на соперниците од Грчката Супер Лига,Панатинаикос, кој е со седиште во Атина и Олимпијакос, кој се наоѓа во непосредна близина на Пиреја.Грчката влада веднаш ги суспендира сите екипни спортови и ги прекина врските меѓу тимовите и нивните навивачки организации.

Мечот од Третата Дивизија меѓу Панетоликос и Лиуполи беше во прекин 30 минути поради судирот на играчите и навивачите,откако не им беше признат гол на Панетоликос.Како резултат на тоа,двајца фудбалери и тренер беа однесени во болница.

На 18 Април во Јанина,спротивставени навивачки табори се судрија меѓу себе и со полицијата,за време на и по полуфиналето од Грчкиот Куп,ПАА Јанина-Лариса. По натпреварот,кој Лариса го доби со 2-0,навивачите запалија канти за ѓубре и искршија излози на продавници,додека полицијата се обиде да ги растера со солзавец.

На 10 Октомври 2009 г. група од околу 30 хулигани прекина натпревар под 17 години меѓу кадетите на локалните ПАОК и Арис .Повредени беа неколку играчи на Арис и нивниот тренер,бивш играч на ПАОК и друго официјалено лице.

Италија[уреди | уреди извор]

Во Февруари 2001 г. ,навивачите на Рома се пресметаа со полицијата и со навивачите на Ливерпул,при што пет Англичани беа прободени со нож.Во Декември истата година,полицицјата употреби солзавец за да го растера метежот на натпреварот од Лигата на Шампионите меѓу Рома и Ливерпул,при кој повторно четворица навивачи на Ливерпул беа повредени.Во Март 2006 г.тројца симпатизери на англискиот клуб Мидлсброу беа прободени при напад на “ултрасите” на Рома, пред натпреварот на нивниот тим од Купот на Уефа,одигран во Рим.

После еден викенд на насилство во јануари 2007 г. претседателот на Италијанската Фудбалска Федерација(ИФФ) се закани дека ќе ја прекине целата фудбалска лига.Еден официјален претставник на аматерскиот клуб Саммартинезе е претепан до смрт,при тепачката меѓу играчи и навивачи во градот Луци,а на навивач на Ливорно му беа потребни 20 конци на главата,откако беше нападнат од навивачи на Фиорентина.Исто така, околу 100 навивачи на Аталанта се обидоа да го нападнат противничкиот тренер,пресметувајќи се со приврзаниците на Катанија и со полицијата, а на натпревар од Серија Д Лигата,помошниот судија беше удрен со метален тапан,фрлен од трибините.Во Февруари 2007 г. ИФФ ги прекина сите фудбалски натпревари, по убиството на полицаец на натпревар од Серија А Лигата, помеѓу Катанија и Палермо.Полицискиот службеник Филипо Ракити почина откако беше погоден во лицето со мала екплозивна направа,додека неговите колеги се справуваа со ситуацијата надвор од стадионот.На 4 април 2007 г. приврзаниците на Рома и Манчестер Јунајтед се пресметаа за време на натпреварот од Лигата на Шампионите,што резултираше со еден прободен навивач на Манчестер Јунајтед, други 11 однесени во болница како и двајца повредени навивачи на Рома,кои добија болничко лекување.Шефот на Римската Полиција,Ачиле Сера тврди дека полициската акција била оправдана и дека нема да има никаква истрага.

Холандија[уреди | уреди извор]

Со нередите што ги направија симпатизерите на Феенорд и англискиот тим Тотенхем Хотспар на финалето од Купот на Уефа во 1974 година,започна хулиганството во Холандија.Иако меѓу Ајакс и Феенорд има најнасилно соперништво,од тогаш уште неколку холандски клубови се поврзани со хулиганство,како што се ФК Утрехт и АДО Ден Хаг.На 16 Јуни 1990 г. во Амстердам беа уапсени англиски навивачи за предизвикување инциденти пред пријателски фудбалски натпревар.Најкрвавиот хулигански настан е Битката на Бевервијк на 23 Март 1997 г. меѓу навивачите на Ајакс и Феенорд,во која е убиен Карло Пикорние, а неколку лица беа сериозно повредени.На 26 Април 1999 г. беа уапсени 80 навивачи откако приврзаниците на Феенорд направија неред по завршувањето на куп натпреварот со НАЦ Бреда.Во сезоната 2002/2003 продолжија борбите помеѓу навивачите на Ајакс,Феенорд и Утрехт продолжија, доживувајќи кулминација во 2006 г.кога избувнаа немири при судирот на навивачите на Феенорд со француската полиција во Нанси.

Полска[уреди | уреди извор]

Во Полска однапред договорените хулигански пресметки,кои беа се почести во доцните1990-ти,се познати како устањка,.На 30 Март 2003 г.беше објавено дека полската полиција уапсила 120 лица поради тепачка на спротивставени навивачки табори , за време на натпреварот Сласк од Вроцлав и Арка од Гданија.За време на тепачката,хулиганите ја гаѓаа полицијата со камења,борејќи се со нив со ножеви и секири.Едно лице беше пронајдено легнато на местото на настанот со сериозни повреди и однесено во болница,каде им подлегна на повредите.Во сезоната 1998/1999 ,за време на натпревар од Купот на Уефа, симпатизери на Висла Краков го прободија во главата италијанскиот фудбалер на Парма Дино Баџо,со нож фрлен од терасите на стадионот,исполнети со Полјаци.

Португалија[уреди | уреди извор]

Хулиганството во Португалија не е многу сериозен проблем,иако некои тимови како што се ФК Порто,С.Л.Бенфика и Спортинг КП од Лисабон имаат свои хулигански групи кои можат да бидат доста насилни кога во прашање е нивниот углед.Официјална “фирма”на Порто е “Super Dragoes”.Бенфика има 2 навивачки групи,официјалната “Diabos Vermelhos” и уште една неофицијална наречена “No Named Boys",која претставува најопасна и најкриминална група,додека Спортинг КП го поддржуваат главно 3 групи:”Juve Leo“или “Juventitude Leonina”, “Directivo Ultras XXI” и “Torcida Verde”.”Juventitude Leonina” е и најстарата навивачка група во Португалија,формирана 1976 година.

Русија[уреди | уреди извор]

Фудбалското хулиганство во Русија се распространи со почетокот на 1990-тите години.Руските хулигани често имаат огромно незадоволство кон ставовите на руските политички соперници.

Србија[уреди | уреди извор]

Со двата најголеми белградски клубови ФК Партизан и Црвена Ѕвезда се поврзани најистакнатите хулигански групи во Србија"Grobari"(Gravediggers-Гробари) и "Delije"(Heroes-Херои).ФК Рад е помалку успешен белградски клуб,чиј хулигани,познати како “United Force”,беа посебно вклучени во бројни насилни инциденти.

На 2 Декември 2007 г. полицаец во цивилна облека беше сериозно повреден за време на натпревар од Српската Суперлига помеѓу белградска Црвена Ѕвезда и Хајдук од Кула,по што на 19 Септември 2008 г. еден хулиган доби затворска казна од 10 години за нападот.

На 14 Април 2008 г. близу Нови Сад загина навивач после судирот на Партизановите Гробари со навивачите на ФК Војводина,додека истата недела,по куп-натпреварот Партизан-Црвена Ѕвезда,епилогот беше 3 повредени лица и еден уништен автобус.

На 12 октомври 2010 г. мечот Србија-Италиија од квалификациите за Европското првенство во 2012 година беше прекинат по само 6 минути,откако неколку српски навивачи фрлија факели и петарди на теренот,предизвикувајќи сериозни проблеми во и надвор од стадионот.

Шведска[уреди | уреди извор]

Хулиганството во Шведска започна кон крајот на 20 век кога навивачите на АИК и Ѓургарден ИФ се пријавени како се тепаат по натпреварите во Стокхолм.Модерното хулиганство започна во 1970 г. кога навивачи на ИФК Гетеборг влегоа на теренот,уништувајќи ги рамките од головите(стативите) и пресметувајќи се со полицијата на крајот од натпреварот,по кој Гетеборг испадна од “Allsvenskan”(Шведската прва фудбалска лига).Иако шведското хулиганство стана сè поголем проблем во 1980-тите,влегувањето и насилството на терените се намалија во доцните 1990-ти откако хулиганските групи започнаа однапред да ги закажуваат своите пресметки,далеку од стадионите и обичните симпатизери.Петте тимови кои имаат големи,организирани навивачко-хулигански групи се:АИК(Firman Boys),Гетеборг(Wisemen), Ѓургарден(DFG),Хамарби(KGB) и ГАИС(Gärningsmännen).Во Јули 2002 г. беше убиен член на навивачката група “Wisemen” во однапред договорена тепачка против “Firman Boys”, а во ноември истата година,на 12 членови на “Њисемен” им беше судено за нанесување тешки телесни повреди на приврзаник на Хамарби во 2001 година.

Шпанија[уреди | уреди извор]

Хулиганството во Шпанија произлегува од 3 главни извори.Првиот извор е расизмот бидејќи некои црни фудбалери беа жртви на етнички погрдни зборови,при што поранешниот играч на ФК Барселона Самуел Ето го осуди ваквиот проблем.Вториот е силното соперништво помеѓу Реал од Мадрид и Барселона. По трансферот од Барселона во Реал Мадрид,појавувањето на Луис Фиго на стадионот на БарселонаНоу Камп предизвика бурни реакции,при што публиката фрлаше по него шишиња,мобилни телефони и други работи(вклучувајќи и свинска глава).Иако никој не беше повреден, натпреварот е проследен со големи дискусии за насилството на навивачите во Шпанската Примера Дивизион(првата фудбалска лига).Хулиганството е вкоренето во длабоките политички поделби кои потекнуваат уште од времето на фашистичкиот режим на Генерал Франко(некои “ultrasi” на Реал Мадрид,Атлетико Мадрид,Еспањол,Реал Бетис Баломпие или на ФК Валенсија се поврзани со “franquista” групите).Постојат “комунистички” клубови(како што се Депортиво Ла Коруња,ФК Севиља или Рајо Ваљекано ) и посебни движења за независност во Каталонија(ФК Барселона) и во регионот на Баскија.Во Шпанија, организираните хулигански групи популарно ги викаат “grupos ultra”.

Во 1998 г. хулиган на Атлетико Мадрид кој се поврзува со нео-нацистичката група(Бастион),го уби Аитор Забалета,приврзаник на Реал од Сосиедад,пред натпреварот меѓу овие 2 тима,додека во 2003 г. приврзаник на Депортиво загина во немирите на хулиганите од истиот тим,при обидот да заштити навивач на противничкиот тим СД Компостела.Од тогаш,властите вложија напори да го доведат хулиганството под контрола.Во 2007 г. пред натпреварот Атлетико Мадрид-Реал Мадрид имаше случаи на хулиганство, кога неколку автомобили беа уништени,а еден полицаец повреден откако беше погоден со факели и шишиња.Многу црни странски играчи се навредувани на расна основа,како што е случајот со неодмнешниот пријателски натпревар Шпанија-Англија,на кој англиските фудбалери со црна боја на кожа Шон Рајт-Филипс и Емил Хески претрпеа мајмунски скандирања од шпанските поддржувачи.Во Шпанија, локални соперништва постојат и меѓу ФК Кадис и КД Ксерез и меѓу Реал Бетис Баломпие и ФК Севиља.Во 2008 г. по инцидент со Еспањол,ФК Барселона јавно зазедоа став за насилството,надевајќи дека ќе се искорени за доброто на сите.Во 2007 г. хулиганите на Атлетико Мадрид се судрија со хулиганите на ФК Абердин пред натпревар од Купот на Уефа.

Швајцарија[уреди | уреди извор]

Проблемот фудбалско хулиганство е релативно нов во Швајцарија.На 13 Мај 2006 година,на стадионот Сент Јакоб Парк,на последниот ден од сезоната 2005/2006, се случи Инцидентот на хулиганите на ФК Базел(попознат како”Срамот од Базел”) кога нивниот клуб загуби од ФК Цирих со гол во последната минута,така губејќи ја титулата во Швајцарското првенство (Швајцарска прва лига). По последниот свиреж,лутите базелови хулигани упаднаа на теренот и ги нападнаа играчите на Цирих,при што победничкиот тим беше принуден да слави во горниот дел на трибините.Слични пресметки имаше и низ улиците во текот на ноќта.

Турција[уреди | уреди извор]

Според “Turkisn Daily News”(Турскиот Дејли Њуз),хулиганските групи се добро организирани,имаат свои “водачи”(водачи) и често се дел од организирани улични тепачки.Групите имааат “racon”(кодекс на однесување)во кој се наведува дека намерата е да се повреди наместо да се убие и дека бодежот со нож мора да биде под струкот.Други хулигани пукаат со огнено оружје во воздух за да ја прослават победата на нивниот тим,при што случајно убиваат невини луѓе кои ги гледаат прославите од своите балкони.

Проблеми се појавуваат за време на натпреварите меѓу истанбулските соперници Галатасарај и Фенербахче иако Турската Фудбалска Федерација ги заостри безбедносните мерки во обид да го запре хулиганството.Во 2005 година за време на финалето Галатасарај-Фенербахче од Турскиот Куп,8000 полицајци,стјуарди и официјални лица беа задолжени за безбедноста.Наредната година,Турската Фудбалска Федерација претстави нови мерки во борбата против заканата од хулиганство и направи нови прописи што му овозможија на Дисциплинскиот Одбор на Професионалниот Фудбал парично да ги казнува клубовите до 250000 турски лири за однесувањето на нивните навивачи,а повторните инциденти да се казнуваат и до 500000 турски лири.Наспроти извештаите на ТФФ,Турската Полиција верува дека хулиганството не претставува голема закана и дека тоа се “изолирани инциденти”.

Во 2000 г. пред полуфиналето Галатасарај-ФК Лидс Јунајтед од Купот на УЕФА,Кристофер Лофтус и Кевин Спеијт,двајцата навивачи на англискиот прволигаш, се избодени до смрт за време на уличните пресметки помеѓу турските и британските хулигани. Иако симпатизерите на Галатасарај се потсмеваа на прочитаната порака за сочувство до жртвите, УЕФА дозволи натпреварот да се одигра,завршувајќи со 2-0 за турскиот тим.Играчите на Галатасарај одбија да носат црни ленти на ракавите,што за Питер Ридсдејл,претседателот на Лидс во тоа време,тоа претставуваше “недостиг од покажување почит”.Тој откри и дека неговите фудбалери”добиле смртни закани пред натпреварот”.

Али Умит Озат беше уапсен и осуден на 15 години казна затвор за нанесување тешки телесни повреди со нож,што беше намалена на 5 години на основа дека била тешка провокација,а петмина други добија помали казни од по 4 месеци.Семејствата на осудените лица ги бранеа и одобрија постапките на нивните членови,во казнувањето на “невоспитаниот британски народ”.На навивачите на Галатасарај им беше забрането да патуваат на возвратниот натпревар со цел да се избегнат понатамошни судири,иако имаше извештаи за напади врз турската телевизиска екипа и полицијата.Сепак,помошник началникот Констанбл,задолжен за безбедноста на натпреварот смета дека бројот на апсења”не е поголем од оној на натпреварите со висок ризик”.Хакан Шуќур беше погоден со светлечки ракети,а тимскиот автобус на Турците каменуван при возење низ подвозник,од страна на навивачите на Лидс.Фудбалерите Хари Кјуел и Емре Белозоглу беа исклучени на реванш-натпреварот,кој заврши со 2-2,со што Галатасарај се пласираше во Финалето.

Истата година имаше насилство и меѓу навивачите на Арсенал и Галатасарај пред финалето од Купот на УЕФА во Копенхаген,при што навивач на Галатасарај,навивач на Арсенал и еден Данец тврдеа дека се прободени со нож.Галатасарај подоцна го доби натпреварот по изведување на пенали.

Турските хулигани се проблем и во градовите Анкара,Измир,Ескишехир,Бурса,Самсун и Адана.Во текот на фудбалската сезоната 2003/2004,на натпревар од Втората Лига-Категорија А меѓу Каршијака и Гезтепе,одигран на 8 Февруари 2004 година,дојде до судир на симпатизерите,кои го прекинаа натпреварот по 33 минути игра.Ова се должи на водството на Каршијака од 5-2,откако прво губеа со 2-0.По натпреварот,навивачите на Гезтепе се судрија и со полицијата,што резултираше со 7 повредени полицајци и 15 уапсени навивачи.

На крајот од истата сезона,на натпревар против Самсунспор од “Turcell Super League”(Турската Прва Лига),навивачите на Бурсаспор нападнаа полицаец.Натпреварот,важен за Бурса за да избегне испаѓање од лигата,се одигра во Адазпазари на неутрален терен поради настаните што се случија на претходниот меч помеѓу истоимениот тим и Чајкур Ризеспор.Иако Бурса победи со 1-0,сепак испадна во Втората Лига поради победата на нивниот главен конкурент.По последниот свиреж,навивачите на Бурса ги откорнале и фрлиле седиштата од стадионот Сакарија Ататурк.За време на нивниот патување кон Адапазари,тие се пресметале и со занаетчиите од Гелчук.Во Март 2010 г.натпреварот Бурсаспор-Дијарбакирспор беше прекинат во 17-та минута поради нередите на приврзаниците на Дијарбакир кои фрлаа предмети на теренот и така го нокаутираа помошниот судија.