Сонце (астрологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астролошки симбол на Сонцето
Модерен хороскоп
SCENOGRAPHIA SYSTEMATIS MVNDANI PTOLEMAICI, Макрокосмичка Хармонија
Натален хороскоп

Сонцето во астрологијата претставува централна точка, тоа го симболизира центарот на сѐ што постои околу личноста. Според положбата на Сонцето во хороскопот го дознаваме и времето во кое лицето се родило. Ако Сонцето се наоѓа над Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 10-та, тогаш лицето е родено дење. Доколку Сонцето се наоѓа под Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 4-та, тогаш лицето е родено ноќе. Во случај Сонцето да се наоѓа точно на Асцендентот тогаш моментот на раѓање е во зора, ако се најде точно на Десцендентот, се работи за залез, на точката Medium Coeli (или „Средина на Небото“ - 10-поле), тогаш лицето е родено на пладне, а ако Сонцето се најде точно на точката Imum Coeli (или „Дното на Небото“ - 4 поле), тогаш лицето е родено на полноќ.

Кога кажуваме дека некое лице е Овен во хороскоп, тоа значи дека Сонцето во моментот на раѓање се наоѓало во зодијачкиот знак Овен итн.

Симбол на Сонцето е еден круг со точка во центарот, што претставува заокруженост, единство и целосност.

Во астролошка смисла, Сонцето претставува свест за себе, за своето его, волјата за живот. Тоа укажува на делот од судбиата кој го создаваме самите. Тоа е рационален дел од човекот. Преку позицијата на Сонцето во хороскопот можеме да ги опишеме сите важни луѓе во нашиот живот: таткото, шефот, секоја личност која ја сметаме за некаков авторитет, а во женскиот хороскоп тоа ќе го претставува и сопругот.

Симболика на Сонцето на психолошко ниво[уреди | уреди извор]

Сонцето во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: его и свест за себе, самодоверба, самоостварување, водство, желба за моќ, амбиција, достоинство, великодушност, креативност, творештво, организираност, творечка моќ, личност, репутација, важност, лојалност, екстраваганција, тежнеењето на личноста, каде и на кој начин сака да заблеска.

Конструктивни одлики на Сонцето[уреди | уреди извор]

Сонцето во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: верност, способност, совесност, сила, волја, сигурност, независност, оптимизам, доверба, просперитет, виталност, просветлување, чесност.

Деструктивни одлики на Сонцето[уреди | уреди извор]

Сонцето во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: свртеност кон себе, фалбаџиство, деструктивност, егоизам, доминирање, агресивност, неспособност, надуеност.

Симболика на Сонцето на објективно ниво[уреди | уреди извор]

Животни[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува слените животни: лав, пантер, леопард, сокол, петел, паун, орел, коњ, рис, дива свиња, славејче, лебед.

Растенија[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува следните растенија: врба, рузмарин, маслина, палма, пченка, сончоглед, невен, портокал, ориз, грејпфрут, грозје, камилица, лимон, лаванда, орев, лоза.

Бои[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува следните бои: пурпурна, златна, портокалова, сина, виолетова.

Органи[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува следните органи кај човекот: срце, очи, артерии, десната страна од телото, мозок, нерви, ‘рбет, тимус, десен тестис.

Ден во седмицата[уреди | уреди извор]

Сонцето го претставува следнот ден: недела.

Минерали и метали[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува следните минерали и метали: злато и сите сјајни материи кои во себе содржат светлост.

Скапоцени камења[уреди | уреди извор]

Сонцето ги претставува следните скапоцени камења: дијамант, рубин, хризолит.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Сонце во Овен[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е дисциплинирана и борбена.

Сонце во Бик[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е конзервативна, заштитничка, ги сака недвижностите.

Сонце во Близнаци[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е брзоплета, талентирана за јазици и општо за комуникации.

Сонце во Рак[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е неодлучна, фина, чувствителна, со слободен хумор.

Сонце во Лав[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е супериорна во однос на другите, независна, праведна.

Сонце во Девица[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е премногу склона кон анализирање, незадоволна, но со нагласен интелект.

Сонце во Вага[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која има префинет стил, често со убав надворешен изглед но исто така и неодлучна.

Сонце во Скорпија[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е нетолерантна и не признава грешки, знае лесно да урива но и да гради.

Сонце во Стрелец[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е лојална, интуитивна, го сака спортот, религијата и филозофијата.

Сонце во Јарец[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е резервирана, конструктивна, упорна, фаталистички настроена.

Сонце во Водолија[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која има чудни идеи, друштвена е, има многу пријатели и често е неконзервативна.

Сонце во Риби[уреди | уреди извор]

Оваа позиција укажува на личност која е срамежлива, трпелива, њубезна, понекогаш е многу чувствителна и губи чувство за реалност.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]