Пролегомени за секоја идна метафизика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насловната страница на првото издание на „Пролегомени за секоја идна метафизика“ (1783)
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:

Пролегомени за секоја идна метафизика (полн наслов: Пролегомени за секоја идна метафизика која ќе може да настапи како наука; гер. Prolegomena zu einer jeden künftigen Metaphysik, die als Wissenschaft wird auftreten können) — едно од пократките дела на германскиот филозоф Имануел Кант. Објавено е во 1783 г., две години по објавувањето на првото издание на „Критика на чистиот разум“.

„Пролегомените“ содржат преглед и одбрана на главните заклучоци во Кантовата „Критика“, некаде по пат на аргументи кои авторот не ги употребил во „Критиката“. Кант го карактеризира неговиот приод во ова дело како „аналитички“, наспроти оној во „Критиката“ кој е „синтетички“ преглед на последователни способности на умот и нивните начела.

Книгата е предвидена и како полемика. Кант бил разочаран од лошиот прием на „Критика на чистиот разум“, и тука тој повеќепати ја нагласува важноста на критички проект за самото постоење на метафизиката како наука. Во последниот додаток Кант во подробност ги побива искажаните неповолни мислења за неговата „Критика“.

Во стандардното издание на Кантовите дела на Берлин-Бранденбуршката академија на науките, „Пролегомените“ се сместени во Том V.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Кант, Имануел (2004). Кица Б. Колбе (преведувач) (уред.). Пролегомени: за секоја идна метафизика, која ќе може да настапи како наука. Скопје: Аз-Буки. стр. 195. ISBN 9989-151-06-7.[мртва врска]