Староградска македонска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крушевска староградска архитектура

Староградска македонска архитектура — општ поим за градското градителство во Македонија кое во повеќе градови е претставено со добро зачувана архитектура од XIX век. Крушево и Кратово доскора беа комплетни урбанистички целини, како и стариот дел на Охрид. Како мали групации или изолирани елементи, куќи од XIX век се среќаваат и во Тетово, Дебар, Струга, Прилеп, Крива Паланка и Струмица. И во Скопје се останати неколку во стариот дел, но брзиот развој на македонскиот стопански и културен центар, заедно со земјотресот во 1963г., беа причина за нивно практично исчезнување.

Архитектонското наследство во XX век, е изразено со терминот градска архитектура, го сочинуваат повеќе категории, од кои позначајни се: беговските живеалишта и, воопшто муслиманската куќа, манастирските конаци и христијанската градска куќа.

Отомански влијанија[уреди | уреди извор]

За разлика од европската палата, овие куќи се доста поскромни по големина, но секако со повеќе архитектонски достигнувања. Извонреден примерок, за жал уништен, претавувале конаците на Авзи-паша во село Бардовци крај Скопје. Помали објекти од тип се зачувани во Тетово, каде што, меѓутоа, треба да се издвои комплексот на Арабати баба-теќе.

Муслиманска куќа[уреди | уреди извор]

Муслиманската куќа се издвојува во посебна категорија поради посебностите во станбената програма и неограничените улови на градилиштето. Таа сегогаш имала на располагање рамен терен, богат, со вода и зеленило. Немала потреба да е развива во височина и затоа, по правило, останувала на приземје и со еден кат. Во внатрешнета организација, муслиманската куќа наполно се задоволува со многу упростена, симетрична шема: централниот чардак служи за дневен престој и ги обединува сите одделенија. Со висински модулации на подовите, тој ги разделувал функциите: подолу - простор за комуницирање, погоре - миндерлак, простор за прием и седење. Собите биле најчесто по две од секоја страна на оската на симетрија, а меѓу нив биле бањи, програмска специфика на муслиманскиот стан.

Манастирски конаци[уреди | уреди извор]

Манастирските конаци се специфични по својата намена, и нивната посебност е програмата во која во еден посебен вид колективно домување се испреплетувал обемен простор за повремен престој во деновите на манастирската слава: еснафите од повеќе блиски градови ги финанирале и ги користеле овие апартмани, при што на посебен начин бил решен проблемот за готвење и консумирање храна. Конаците на манастирот Св.Арханѓел под прилепското Кале и Св. Јован Бигорски се најзначајни примероци на оваа архитектура. Поради обемноста на програмските барања и големината на комплексите, овие ансамбли претставувале исклучително богаство на хуман протор и динамичнот во архитектонската пластика, овладана со виртуозна конструктивна акробатика во дрво.

Христијанска куќа[уреди | уреди извор]

Христијанската куќа е нешто посебно, надвор од секакви можноти за шематизам. Таа преставува жив организам, способен да заземе каков било облик, во зависност од големата варијабилност на условите, битно различни од оние за муслиманската куќа. Во македонската куќа живеалиштето го прават одделенијата во нејзиното средиште; многу често тоа е само една соба така уредена да служи истовремено за сите намени. Христијанското население во македонскиот град од XIX век бројно се зголемувало, а истовремено му се зголемувала и имотната состојба.Во услови на притеснетот, тие немаат друга можност, освен да живеат збиени и да имаат евентуално многу мало дворче. Всушнот, тоа бил органски урбанизам што модерниот свет се труди да го измилува. Овде урбаното ткиво расте и се развива во облици, каде што секој жив организам, колку и тоа да изгледа поинаку, според своите материјални можноссти се борел за повеќе простор во ширина и висина. Способноста, да се акомодира во секаков простор и да го продолжи животот во секое време, ја чини македонската куќа и денес значајна како извор за современите испирации.

Охридска архитектура - куќата на Робевци

Специфики на Македонската куќа[уреди | уреди извор]

Нема сомнение дека македонската куќа припаѓа кон онаа стилска целина што во XIX век го прекривала Балканот. Како и сите познати стилови низ историјата, старата градска архитектура го создала единството со грижлива стандардизација на проектански и градежни методи, а материјалот се слеал во ликовно единство. Затоа на површниот поглед му се откриваат како истолики куќите од Охрид и оние од Бруса.

Без оглед на политичката потчинетост во Османлиското Царство, Македонија ја чува својата културна традиција. Во XIX век националната слобода. Од друга страна, преку стопанскиот успех во трговијата и занаетчитвото, заедно со материјалните средства од Европа, се преливаат и влијанија на општествените односи. Тогаш Македонецот носел европска облека (алафранга) и се забавувал на европски начин. Сето тоа се одразувало врз програмата на македонската куќа.

Додека во куќата на Ориентот се клечело, се седело на под или се лежело, во македонската куќа се стоело или се седело на стол. Големиот чардак и другите одделенија за репрезентативни приеми имале високи седишта - минсофи, наместо миндерлаци. Покрај минсофите се распоредуваат мали, подвижни масички за послужување, а средината останува и натаму празна. Работниот став натаму се одразувал во просторите за живеење.Понекогаш тие се растурени меѓу станбените простори и одделенија за домашна економија. Во оној момент кога овие три елементи ќе се соберат во единствен простор, ќе го откриеме прототипот на модерната кујнска батерија.

Во македонската куќа се открива и посебен архитектонски израз. Во ентериерот ориенталната арабеска е заменета со домашна дрворезба. На таваните, сергените и вратите, на килимите и другиот текстил, орнаментиката е автохтона - македонска. И во фасадната обработка ориенталната флорална декорација е заменета со творечка смеса од локална културна традиција и европски барок, пресоздаден во дрво.

Со таква македонска куќа од XIX век, и денес се среќаваме во Македонските градови поради очигледните архитектонски квалитети.

Поврзано[уреди | уреди извор]