Стадион Рајко Митиќ

Координати: 44°47′00″N 20°27′54″E / 44.7832° СГШ; 20.4649° ИГД / 44.7832; 20.4649
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион „Рајко Митиќ“
Маракана
Целосно име Стадион „Рајко Митиќ“
Место Белград, Србија
Координати 44°47′00″N 20°27′54″E / 44.7832° СГШ; 20.4649° ИГД / 44.7832; 20.4649
Започнат 1960
Изграден 1963
Отворен 1 септември 1963
Реновиран 2008
Сопственик ФК Црвена ѕвезда
Оператор ФК Црвена ѕвезда
Подлога трева
Поранешни имиња Стадион „Црвена ѕвезда“
Игра ФК Црвена ѕвезда
Гледачи 55,538[1]

Стадион Рајко Митиќ (порано Стадион на Црвена ѕвезда; популарно познат и како Маракана) е фудбалски и атлетски стадион во Белград на кој игра ФК Црвена ѕвезда. На него официјални натпревари игра и фудбалската репрезентација на Србија. Стадионот се наоѓа во населбата Дедиње во општина Савски венец. Сместивоста на стадионот е 55 568 гледачи. Стадионот го носи името во чест на „првата Ѕвездина ѕвезда“ Рајко Митиќ.

Стадионот Рајко Митиќ

Историја[уреди | уреди извор]

Маракана е градена од 1960. до 1963. година. Всушност таа го заменила стариот стадион на СК Југославија кој бил изграден 1927. година и на кој Црвена ѕвезда го одиграла последниот натпревар против Нови Сада. Првиот натпревар на Маракана бил одигран на 1 септември 1963. године против Ријека (2-1). Тогаш на сè уште не завршените трибини, натпреварот го следеле 55.000 гледачи, а подоцна е забележана рекордна посетеност на натпреварот против Партизан – 74.000 гледачи. Следната година ,стадионот бил потполно завршен, сместивоста официјално изнесувала 95 000 гледачи.Првиот гол на популарната “Маракана” го постигнал Трифун Михајловиќ, на средбата со пионерите на Ѕвезда и Единство од Земун, како предигра на првенствениот натпревар против Ријека. Први официјален, прволигашки погодок,бил дело на Ријечанинот Вукоја, додека првиот гол за сениорскиот тим на Црвена ѕвезда го постигнал Душан Маравиќ, на истиот натпревар.

Трибината на најверните навивачи на Црвена ѕвезда, Делије Север.

Најголем број гледачи бил забележен на 23 април 1975. година против унгарскиот Ференцварош во натпреварот од полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Тагаш биле продадени 96.070 влезници, но се проценува дека на стадионот било околу 110.000 гледачи, колку што била сместивоста на стадионот во тоа време.[2]

Во меѓувреме, таа бројка е драстично смалена. Пратејќи ја модернизацијата и истовремено исполнувајќи ги условите и правилата на Европската фудбалска Унија, сè со цел да се подигне комодитетот на навијачите и нивната безбедност, биле забранети местата за стоење, со тоа што се поставиле столици на сите четри трибини. Така данес сместивоста на стадионот официјално изнесува 55.538 места.

Покрај самиот терен на стадионот има многу следечки содржини (помошни терени, медицински центар) како и музеј на ФК Црвена ѕвезда.

На Маракана било одиграно финалето на Куп на шампионите на 30 април 1973. година помеѓу Ајакс и Јувентус (1-0). Тогаш на натпреварот присуствувало 91.564 гледачи.[2]

На стадионот на Црвена ѕвезда се одржававале натпревари во рамките на Универзијада во Белград 2009. година.

Во текот на летото 2008. година уредена е нова дренажа, заменена со трева, заменети биле и светилките на рефлекторите, а во 2010 година и нови столици на источната трибина.

Управата на клубот на 21 декември 2014. година донела одлука за преименовање на стадионот во чест на легендарниот фудбалер и првата Ѕвездина ѕвезда Рајко Митиќ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на стадиони во Србија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Де Куип
Ротердам
Европски Куп
Европски Куп на шамионските финалиња Финале

1973
Наследник
Хејсел Стадион
Брисел
Претходник
Кралскиот Стадион Хејсел
Брисел
Уефа Европско фудбалско првенство
Final Venue

1976
Наследник
Стадион Олимпико
Рим