Црква Свети Бенедикт (Истанбул)

Координати: 41°01′30″N 28°58′36″E / 41.025° СГШ; 28.97660° ИГД / 41.025; 28.97660
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Бенедикт
Saint Benoit Kilisesi
Карта
41°01′30″N 28°58′36″E / 41.025° СГШ; 28.97660° ИГД / 41.025; 28.97660
МестоБејоглу, Истанбул
Земја Турција
ВероисповедРимокатоличка црква
Историја
Посветена наСвети Бенедикт
Пресвета Богородица
Посветена12 мај 1427
Архитектура
Удрен темел1427
Завршена1871

Црква Свети Бенедикт (француски: Saint Benoît; турски: Saint Benoit Latin Katolik Kilisesi, италијански: Santa Maria della Cisterna) — римокатоличка црква која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Овој христијански храм е најстара католичка црква во градот, основана во 1427 година, и денес сè уште е во употреба[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градбата се наоѓа во Истанбул, во областа Бејоглу, во населбата Караќој, речиси на границата со Тофане.

Историја[уреди | уреди извор]

Византиски период[уреди | уреди извор]

На 12 мај 1427 година, бенедиктинскиот монах Николас Мајнет, заедно со монасите од Џенова го основал манастирот во Цариград, на југоисточната падина на ридот Галата. Во времето кога бил изграден, манастирот се наоѓал во внатрешноста на ѕидините околу Галата[2]. Црквата била посветена на светецот Свети Бенедикт и Дева Марија[3], и била изградена врз урнатините на стара црква во чија близина се наоѓала византиска цистерна. Поради тоа, црквата исто така е позната и како „Санта Марија дела Цистерна“[3]. Во 1450 година, малиот манастир имал 16 монаси[2]. Во 1453 година, непосредно пред османлиското освојување на Цариград, калуѓерите ги испратиле сите реликвии и верски украси од нивната црква на Хиос, а потоа во Џенова[2].

Османлиски период[уреди | уреди извор]

По 1478 година султанот Сулејман Величествениот се заканил дека христијанскиот храм ќе го претвори во џамија и ќе им го даде на Маврите кои биле протерани од Шпанија, и кои се населиле во областа Галата[3] . Благодарение на интервенцијата на францускиот крал Франсоа I[3][4], калугерите останале во комплексот, и подоцна објектот започнал да се користи и како капела на француските амбасадори. Во 1540 година, францускиот патешественик Пјер Жил го посетил комплексот и ја опишал како гигантска цистерна со 300 столбови[5], кои подоцна биле демонтирани и продадени од страна на Џенова. На 18 ноември 1583, членовите на Исусовците, предводени од Џулио Манчинели и испратени од папата Гигориј XIII, ја презеле одговорноста на црквата, по кое основале едно училиште во околината на манастирот.

Храмот бил на неколкупати опожарен. По првиот пожар во 1610 година[5], истиот бил обновен. Во 1660 година, по големиот пожар во Галата, манастирот не бил опожарен, но бил ограбен[5]. Во текот на 17 век, спокојниот живот во манастирот бил на неколкупати разршшен поради внатрешните спорови меѓу калуѓерите и владеење на чума. Во 1686 година, црквата изгорела, но била повторно обновена од страна на монасите и амбасадорот на Франција. Во оваа прилика муфтијата на Цариград донирал столбови кои денеска се наоѓаат на врвот од скалите, а во тоа време бил одобрен и проект за реконструкција на објектот. Во 1696 година, црквата повторно изгорела, и повторно била реновирена по една година од страна на здружението на трговци на Марсеј. Во овој период црквата Свети Бенедикт станала една од најпрестижната црква на Галата, и се користела како место за погребување на високата класа од кварталот, и од страна на неколку аристократи и француски амбасадори. Отоманскиот патописец Евлија Челебија го опишал храмот во своите дела.

Во 1783 година, црквта преминала под раководство на Лазаристите[5]. Кон крајот на 18 век, овде бил изграден параклис посветен на Света Ана. По 1804 година, овде било отворено училиште, кое опстојува до денес, и е едно од најпрестижните во Истанбул. Во 1840 година, седиштето на училиштето се преселило во Бебек, но по уривањето на дел од ѕидините на Галата, училиштето повторно се вратило тука. Во 1867 година, комплексот бил проширен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Janin (1953) p. 582-601
  2. 2,0 2,1 2,2 Janin (1953) p. 593
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Müller-Wiener (1977) p. 100
  4. Mamboury (1953) p. 315
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Müller-Wiener (1977) p. 101

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Church of St Benedict“. on katolik kilisesi. Архивирано од изворникот на 2014-11-01. Посетено на 2016-12-30. Надворешна врска во |website= (help)