Лазар Ристовски (глумец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Ристовски

Лазар Ристовски (р. 26 октомври 1952) — српски глумец, режисер и продуцент.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ристовски е оженет со сопругата Даница, со која ги има синовите Јован и Петар.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Роден е на 26 октомври 1952 г. во војводинското Равно Село. Татко му Петар бил доселеник од Гуѓаково, Прилепско, а мајка му била Црногорка. Во текот на својата долга кариера, Ристовски играл во над 4.000 театарски претстави и глумел во 73 филмови и тв-серии. Неговата прва филмска улога била во 1977 година, во филмот „Хајка“.[1]

Во 2016 година, Ристовски го снимил филмот „Дневникот на машиновозачот“ (Dnevnik mašinovođe) во кој глумел и бил продуцент. Премиерата на филмот се одржала на филмскиот фестивал во Москва, каде освоил награда од публиката. Истата година, на фестивалот „Филмски средби“ (Филмски сусрети) во Ниш, Ристовски ја добил наградата за исклучителен придонес на српската кинематографија.[1]

Ристовски е автор на неколку книги:[1]

  • Бел костум (Бело одело)
  • Како добив Оскар (Како сам добио Оскара)
  • Едноставни приказни (Једноставне приче)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Milica Prelević, „Sve se manje bojim u životu“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 42-45.