Црква „Св. Јован Крстител“ - Слатино

Координати: 41°21′10″N 20°51′10″E / 41.35278° СГШ; 20.85278° ИГД / 41.35278; 20.85278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Јован Крстител

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Слатинска
Местоположба

Карта

Координати 41°21′10″N 20°51′10″E / 41.35278° СГШ; 20.85278° ИГД / 41.35278; 20.85278
Место Слатино (Охридско)
Општина Дебрца
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Јован Крстител
Осветување 26 мај 2002 година[1]
Архитектонски опис

Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро.

Изградена е врз темели на многу постара истоимена црква од раниот среден век.[2] Осветена е на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.[1]

Света икона[уреди | уреди извор]

Светата икона на Свети Јован Крстител од познатиот Бигорски манастир едно време била сместена во оваа црква на Слатинскиот манастир, поради што и самата манастирска црква понекогаш се нарекува и „Св. Јован Бигорски“. Иконата била вратена на Бигорскиот манастир во времето на неговото возобновување во 1743 година.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. Скопје: Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 21 октомври 2016.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „Бигорски манастир - рај за очите, мир за душата“. Скопје: МИА. 8 јануари 2013. Посетено на 21 октомври 2016.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]