Бабрујск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бабрујск
Бабруйск
Бобруйск (Bobruysk)
Знаме на БабрујскГрб на Бабрујск
Бабрујск is located in Белорусија
Бабрујск
Бабрујск
Координати: 53°09′N 29°14′E / 53.150° СГШ; 29.233° ИГД / 53.150; 29.233
Држава Белорусија
Област Могиљовска
Првпат спомнат1387 г.
Управа
 • ГрадоначалникАндреј Коваленко
Површина
 • Вкупна83,86 км2 (3,238 ми2)
Надм. вис.&10000000000000157000000157 м
Население (2016)
 • Вкупно217,975
 • Густина2.565/км2 (6,640/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код213801-213830
Повик. бр.+375 0225(1)
Рег. таб.6
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Бабрујск или Бобруиск (белоруски: Бабру́йск, руски: Бобру́йск, полски: Bobrujsk, јидиш: באברויסק) — град во Могиљовската област во источна Белорусија на реката Березина. Градот е седми најголем во државата со население од 217,975 жители (2016). Името Бабрујск потекнува од белорускиот збор babyor (бобёр) што означува дабар. Овие животни ја населувале реката Березина, но сепак, биле истребени кон крајот на 19. век поради нивно ловење и загадување.

Бабрусјк се наоѓа на пресекот на железнички линии до Асиповичи и Жлобин и патишта до Минск, Гомељ, Могиљев, Калинкавичи, Слуцк и Рагачов. Во градот е сместена најголемата пилана во Белорусија, а исто така градот е познат по хемиската, машинската и металната индустрија.

Историја[уреди | уреди извор]

Бабрујск е еден од најстарите градови во Белорусија. Градот за првпат бил спомнат во писмена форма во средината на 14. век. Истражувањата од археолозите покажале дека во 5. и во 6. век тука постоела словенски населби по реката Березина, место на кое Бабрујск моментално се наоѓа; наоди од алати и оружја изработени од камен сугерираат дека луѓе живееле тука уште од камено време.

За време на владеењето на Владимир I Велики, на местото на современиот Бабрујск постоело село чии жители се занимавале со риболов и со ловење на дабари. Многу векови градот бил дел од Полско-литванската Државна Заедница и бил важен воен утврден граничен премин. Во 14. век бил изграден замок на ридот близу реката Березина.

Бабрујск не бил само голема воена база, туку и истакнат трговски центар. Постојат докази за пазар кој бил составен од речиси сто тезги, што подразбира значителна финансиска активност. Во првата половина од 17. век, Бабрусјк станал голем трговски бастион благодарение на својата стратешка позиција на пресекот на големи трговски патишта и реката Березина. Во градот имало голем број на вешти занаетчии, вклучувајќи столари, ковачи, кујунџии и пекарници. Населението во првата половина од 17. век се движело помеѓу 2,000 и 5,000 луѓе.

Бабрујската тврдина во 1811 година.

Градот бил опкружен со тврдини изградени од дрво и земја, чија должина се претегала преку 3 километри. Тие се состоело од заштитини земјени бариери, дрвени ѕидини, и речиси десетици двокатни стражарници. Во ѕидовите имало отвори наменети за поставување на огнено оружје. По втората поделба на Полска во 1793 година, градот потпаднал под контрола на Царска Русија. Во 1810 година, изградбата на една тврдина запонала да ја обележува границата помеѓу Русија и Австрија и Прусија; во 1812 година тврдината била завршена и успешно ги одбивала нападите на Наполеон четири месеци. По војната, објектот бил обновен во поголеми размери, и бил завршен во 1820 година. Бабрујската тврдина ја постигнувала својата цел многу децении и денес е голема туристичка атракција.

Пописот во 1861 година покажал 15,766 жители во градот. Во градот живееле Белоруси, Украинци, Полјаци, и Евреи. Слично на другите градови во Белорусија, најголемиот дел од градбите биле изградени од дрво. Во 1866 година, од вкупно 1498 куќи во градот, само 29 биле изградени од тули.

По наполеоновите војни, еврејското население во Бабрујск имало постојан пораст. Во 1897 година, од 34,336 жители, 60%, или 20,760 жители биле Евреи.[1] Поголемиот дел од нив се занимавале со занаетчиство, индустрија и трговија.

Во текот на 1890 години, жителите на Бабрујск биле сведоци на погроми по убиствто на рускиот цар Александар II. Во 1902 година, голем пожар во градот оставил 2,500 семејства без покрив над глава и уништил преку 250 бизниси, 15 училишта и пазарот. Настаната имотна штета била проценета на преку седум милиони рубљи, но како и да е градот набрзо бил повторно изграден, овојпат со тули и камен.

Помеѓу 2 февруари и 11 март 1918 година во градот се одиграла битка помеѓу единиците на првиот полски корпус во Русија, на чело со командирот Јозеф Добвор-Мусницки, и црвената армија за контрола на градот и Бабрујскиот регион. Во периодот 1918-1920, градот бил окупиран од полските ослободителни сили.

Во 1941 година, силите на Хитлер извршиле инвазија на Бабрујск. Верувајќи дека германските трупи нема да целат кон цивили, многу од Евреите останале. Подоцна, 20,000 Евреи од градот биле убиени и закопани во масовни гробници. Гета и работни кампови биле орворено во југозападниот дел од градот. Условите внатре во камповите биле ужасни и имало недостаток на храна, недостаток на хигиена и постојана злоупотреба од чуварите нацисти. Набрзо нацистите започнале да ги егзекутираат Евреите во гетата во групи од по 30 луѓе. До 1943 година сите кампови биле ликвидирани и преостанатите Евреи убиени. Малкутте евреи кои успеале да избегаат се приклучиле на партизански сили во околната шума и започнале да напаѓаат непријателски железнички линии. Постои мал споменик посветен во сеќавање на Бабрујските Евреи убиени во холокаустот, кој се наоѓа на гробиштата во Нахалт Јитжак во Гиватаим, Израел, како дел од споменикот посветен на Бабин Јар.[2]

На 29 јуни 1944 година, црвената армија го ослободила Бабрујск. Градот бил претворен во рушевини; а населението од 84,107 жители во 1939 година се намалило на 28,352 жители по војната. Тешкиот процес на реконструкција бил спроведен од страна на илјадници работници и воени заробеници, кои работеле чистејќи ги фабриките и урнатините на улиците направени од бомбардирањето. Фабриката за машиноградба била речиси целосно уништена, но била обновена и подготвена за работа до крајот на 1944 година. Многу нови фабрики и објекти исто така биле повторни изградени.

Помеѓу 1944 и 1954 година, Бабрујск бил административен центар на Бабрујската област.

Клима[уреди | уреди извор]

Овој климатски регион се одликува со големи сезонски температурни разлики, со топли и жешки (и често влажни) лета и студени (често остри) зими. Според кепеновата класификација на климата, Бабрујск има умерено-континентална клима.[3]

Климатски податоци за Бабрујск
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 9.9
(49.8)
14.9
(58.8)
20.6
(69.1)
28.6
(83.5)
31.7
(89.1)
34.4
(93.9)
35.3
(95.5)
38.0
(100.4)
31.5
(88.7)
26.1
(79)
17.5
(63.5)
12.0
(53.6)
38.0
(100.4)
Прос. висока °C (°F) −2.2
(28)
−1.3
(29.7)
4.3
(39.7)
13.1
(55.6)
19.6
(67.3)
22.2
(72)
24.4
(75.9)
23.5
(74.3)
17.5
(63.5)
11.0
(51.8)
3.1
(37.6)
−1.2
(29.8)
11.2
(52.2)
Сред. дневна °C (°F) −4.7
(23.5)
−4.6
(23.7)
0.1
(32.2)
7.3
(45.1)
13.4
(56.1)
16.4
(61.5)
18.4
(65.1)
17.2
(63)
11.9
(53.4)
6.5
(43.7)
0.5
(32.9)
−3.6
(25.5)
6.6
(43.9)
Прос. ниска °C (°F) −7.4
(18.7)
−7.8
(18)
−3.8
(25.2)
1.9
(35.4)
7.1
(44.8)
10.6
(51.1)
12.5
(54.5)
11.4
(52.5)
7.0
(44.6)
2.8
(37)
−2
(28)
−6.1
(21)
2.2
(36)
Најниска забележана °C (°F) −37.4
(−35.3)
−36
(−33)
−29.3
(−20.7)
−9.7
(14.5)
−4
(25)
−1.3
(29.7)
3.3
(37.9)
1.0
(33.8)
−4.7
(23.5)
−12.5
(9.5)
−23.8
(−10.8)
−30.6
(−23.1)
−37.4
(−35.3)
Прос. врнежи мм (ин) 36
(1.42)
33
(1.3)
38
(1.5)
40
(1.57)
52
(2.05)
86
(3.39)
84
(3.31)
59
(2.32)
55
(2.17)
51
(2.01)
43
(1.69)
42
(1.65)
619
(24.37)
Прос. бр. дождливи денови 7 6 9 12 14 15 15 12 14 13 13 10 140
Прос. бр. снежни денови 18 17 12 3 0.2 0 0 0 0 2 10 18 80
Прос. релативна влажност (%) 86 83 78 69 68 73 74 75 80 83 88 88 79
Извор: Pogoda.ru.net[4]

Луѓе од Бабрујск[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бабрујск е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joshua D. Zimmerman, Poles, Jews, and the politics of nationality, Univ of Wisconsin Press, 2004, ISBN 0-299-19464-7, Google Print, p.16
  2. „Bobruysk. Holocaust“. Архивирано од изворникот на 2015-07-23. Посетено на 2016-10-17.
  3. Climate Summary for Babruysk
  4. „Weather and Climate-The Climate of Babruysk“ (руски). Weather and Climate (Погода и климат). Посетено на May 15, 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°09′N 29°14′E / 53.150° СГШ; 29.233° ИГД / 53.150; 29.233