Мизар: Ѕвезда на надежта

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Мизар: Ѕвезда на надежта“
РежисерМарко Џамбазоски
СценаристМарко Џамбазоски
Главни улогиГоразд Чаповски
Панта Џамбазоски
Горан Таневски
Илија Стојановски
Слободан Стојков
КинематографијаАлександар Ристески
МонтажаМарко Џамбазоски
СтудиоФДУ - Скопје
Премиера27 април 2014 (2014-04-27) (Скопје филм фестивал)
27 април 2014 (2014-04-27) (Република Македонија)
Времетраење17 минути
ЈазикМакедонски

Мизар: Ѕвезда на надежта е македонски документарен филм по сценарио и режија на Марко Џамбазоски. Тоа е првиот документарен филм за една од најуспешните македонски групи Мизар.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот ја раскажува приказната за почетоците на легендарниот македонски бенд „Мизар“ и трнливиот пат во кој од обичен гаражен бенд, Мизар станува еден од најважните бендови во историјата на македонската рок култура.

Премиера[уреди | уреди извор]

Премиерата на филмот се одржа на 27 август 2014, на Скопскиот филмски фестивал.[2][3] По премиерата, следат филмот е прикажан на повеќе фестивали на Балканот меѓу кои „ДОРФ“ (Хрватска), „МакеДокс“ (Македонија), „Стариград Пакленица Филм фестивал“ (Хрватска), „КРАФ“ (Србија), „Заечарска гитаријада“ (Србија), „Balkan's Beyond Borders“ (Грција) итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Краткометражен документарен филм посветен на легендарните „Мизар". NOVATV.MK. 27 јуни 2015.[мртва врска]
  2. „КИНО ФРОСИНА: Премиера на документарниот филм за култниот бенд 'Мизар'. TELEGRAF.MK. 27 April 2014.[мртва врска]
  3. „Frosina Cinema's premiere of short documentary od Mizar's career“. REPUBLIKA.MK (англиски). 28 April 2014.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]