Максим Гоналон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Максим Гоналон
Лични податоци
Роден на 10 март 1989(1989-03-10)(35 г.)
Роден во Венисје, Франција
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 21
Младинска кариера
1997–1999 Вилефранш
1999–2009 Олимпик Лион Олимпик Лион
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2017 Олимпик Лион Олимпик Лион 242 (8)
2017– Рома Рома 0 (0)
Репрезентација
2007–2008 Франција до 19 г. 7 (0)
2009–2010 Франција до 21 г. 6 (0)
2011– Франција 7 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 мај 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 8 август 2015

Максим Гоналон (француски изговор: [maksiːm ɡɔnɑlɔ̃]; роден на 10 март 1989 г.) — француски фудбалер од средниот ред кој игра во италијанскиот клуб Рома.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Олимпик Лион[уреди | уреди извор]

Гоналон бил дел од Олимпик Лион од 10-годишна возраст и во клубот ги поминал сите возрасни категории. На 6 јули 2009, Гоналон од младинскиот тим на Олимпик Лион бил префрлен во сениорскиот тим и го потпишал својот прв професионален договор во кариерата кој бил со важност од една година. Клубот имал можност да го задржи за следните две сезони откако договорот ќе истекол.[1] Тој го добил бројот 41 и бил дел од подготовките на Олимпик Лион за новата сезона. Својот прв натпревар за клубот, Гоналон го одиграл на 25 август 2009 во вториот натпревар од плеј-офот од Лигата на Шампионите 2009/10 против Андерлехт влегувајќи од клупата во 73. минута од натпреварот заменувајќи го Жереми Тулалан.[2]

На 20 октомври, откако влегол во 42. минута заменувајќи го повредениот Крис, Гоналон го постигнал својот прв гол за Олимпик Лион против Ливерпул на Енфилд, во натпревар од групната фаза од Лигата на Шампионите, кој Олимпик Лион го добил со 2–1. На 16 јануари 2010, Гоналон го постигнал својот прв гол во француската лига 1 против Нанси. Десет дена подоцна, Гоналон потпишал нов четиригодишен договор и се обврзал да остане во клубот до 2014 година.[3] Во јануари 2013, тој ја преземал капитенската лента од аргентинецот Лисандро Лопес, и на својот прв натпревар како капитен, против Троја, го постигнал водечкиот гол во победата од 2–1 на Олимпик Лион во француското првенство.

Рома[уреди | уреди извор]

На 3 јули 2017 година, Гоналон потпишал четиригодишен договор со Рома.[4][5]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Гоналон го одиграл својот прв сениорски натпревар за Франција против САД на 11 ноември 2011 година.

Титули[уреди | уреди извор]

Олимпик Лион

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Maxime Gonalons passe pro
  2. „Lisandro treble flattens Anderlecht“. Архивирано од изворникот на 2010-02-05. Посетено на 2015-09-25.
  3. Maxime Gonalons prolonge à l'OL
  4. „Roma sign Maxime Gonalons from Lyon on four-year contract“. ESPN FC. 3 July 2017. Посетено на 4 July 2017.
  5. „Gonalons completes Roma move“. AS Roma. 3 July 2017. Посетено на 4 July 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]