Феликс Санчес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Феликс Санчес
Санчес во 2014 година
Лични податоци
НационалностАмериканец
Роден(а)30 август 1977(1977-08-30)(46 г.)
Њујорк, САД
ЖивеалиштеКалифорнија, САД
Висина&100000000000001780000001,78 м
Тежина73 kg (161 lb)
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини400 м со пречки

Феликс Санчес (роден на 30 август 1977 г.) е доминикански атлетичар. Тој се натпреварува во дисциплината 400 метри со пречки.

Санчес е двократен олимписки златен медалист, победувајќи на игрите во 2004 и 2012. Тој го освоил златниот медал на трката на 400 метри со пречки на Светското првенство 2001 и успешно го одбранил на Светското првенство 2003.

Санчес е познат по многу прекари: "Супер Феликс," "невидливиот," "Супермен," и "диктаторот."[1] Олимпискиот стадион Феликс Санчес, најголемиот стадион во Доминиканската република е именуван по него.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Санчес е роден во Њујорк од доминикански родители и израснал во Сан Диего, Калифорнија.[2] Тој се школувал во средното училиште University City High School а потоа на колеџот Меса во Сан Диего. Феликс се запишал на студии по психологија на Универзиетот Јужна Каролина во 1998 година.[3][4] Натпреварувајќи се за универзитетскиот клуб, тој станал универзитетски шампион на 400 метри со пречки и на 4 × 400 метри.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Санчес на Летните олимписки игри 2012

Санчес одлучил да се натпреварува за Доминиканската Република на меѓународните натпреварувања, и својот прв настап за државата го имал на Панамериканските игри во 1999 година.[5] Помеѓу 2001 и 2004 година тој победил на 43 последователни трки[5] во дисциплината 400 метри со пречки, вклучувајќи ги и трките одржани на светските првенства во Едмонтон 2001 и во Париз 2003. Во 2002, тој бил добитник на џекпотот од еден милион долари кој се доделува во дијамантската лига, откако бил победник на сите седум трки на 400 метри со пречки.

На Панамериканските игри во 2003, Санчес го освоил првиот златен медал за Доминиканската Република на игрите и исто така го соборел рекордот на игрите во дисциплината 400 метри со пречки.[6] Во 2003 тој бил прогласен за атлетичар на годината од страна на списанието Атлетски вести (Track and Field News). На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил првиот олимписки златен медал за својата држава победувајќи на трката на 400 метри со пречки.

За време на својата победничка серија на 43 трки[5], од 2001 до 2004, Санчес бил познат по тоа што носел црвен стегач на раката. Стегачот кој го добил како сувенир од игрите во Сиднеј му служел како мотивација откако таму тој не успеал да се пласира во финалето. Откако го освоил златниот олимписки медал во Атина 2004, Санчес го дал стегачот на ИААФ за аукција а собраните парите биле донирани за хуманитарни цели.[5] На првата трка по Летните олимписки игри – и прва трка без стегачот – на митингот во Брисел, Санчес се повредил и не ја завршил трката.[7]

Во 2012, на 34-годишна возраст, Санчес се натпреварувал на Летните олимписки игри 2012. Тој најпрво истрчал најдобро време во квалификациите, а потоа победил во финалето со време од 47.63 секунди, исто како и победничкото време во Атина 2004 и негово најбрзо истрчано време во последните осум години.[8] Со освојувањето на олимписката титула, тој станал најстариот победник во дисциплината 400 метри со пречки.[8] До тој момент тој бил единствениот олимписки медалист за Домиканската Република но 45 минути подоцна, Лугелин Сантос успеал да го освои сребениот медал на трката на 400 метри. За неговиот настап во Лондон, Санез ја добил наградата Лауреус за враќање на годината.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „California Community Colleges Chancellor's Office > Newsroom > Notable Alumni > FelixSanchez“. Архивирано од изворникот на 2013-07-19. Посетено на 2015-09-01.
  2. Felix Sanchez Архивирано на 25 септември 2015 г.. Sports Reference. Посетено на June 30, 2012.
  3. 3,0 3,1 „Player Bio: Felix Sanchez :: Men's Outdoor Track“. Архивирано од изворникот на 2009-05-26. Посетено на 2015-09-01.
  4. „California State Meet Results - 1915 to present“. Hank Lawson. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2012-12-25.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Felix Sanchez“. www.london2012.com. Архивирано од изворникот на 2012-07-30. Посетено на August 10, 2012.
  6. Gonzalez, David (2003-08-08). Games Lift Spirits in Santo Domingo. The New York Times. Посетено на July 11, 2009.
  7. Leg injury sees Sanchez's three-year win streak end. Посетено на September 27, 2011.
  8. 8,0 8,1 „London 2012 Olympics: James secures 400m crown as Greene misses hurdles medal“. www.athleticsweekly.com. Архивирано од изворникот на 2012-08-09. Посетено на August 11, 2012.
  9. „Laureus World Sports Awards 2013: The Winners | Laureus“. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 2015-09-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
САД Анџело Тејлор
Најдобар резултат во сезоната на 400 м со пречки
2001–2004
Наследник
САД Керон Клемент
Награди
Претходник
Нема
Спортист на годината за Средна Америка и Карибите
2004
Наследник
Јамајка Асафа Пауел
Претходник
Северна Ирска Дарен Кларк
Лауреус награда за враќање на годината
2012
Наследник
Шпанија Рафаел Надал
Олимписки игри
Претходник
Ванда Рихо
Знаменосец за  Доминиканска Република на
Летните олимписки игри 2004
Летните олимписки игри 2008
Наследник
Габриел Мерседес