Теодора Хазарска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теодора Хазарска
Византиска царица
Роден(а)7 век
Починал(а)7 век
Цариград
СопружникЈустинијан II
ДецаТибериј
династијаИраклиева династија
ТаткоИбузир

Теодора била хазарска принцеза и византиска царица, сестра на хазарскиот владетел Ибузир и сопруга на византискиот цар Јустинијан II.

Први години[уреди | уреди извор]

Во 695 година во Цариград бил извршен државен удар против царот Јустинијан II, кој бил на престолот од 685 година. Царот бикл соборен од власт и со отсечен нос бил испратен на заточение во градот Херсонес на Кримскиот полусотров[1]. Во Херсонес Јустинијан престојувал седум години. Во 702 година градските власти на Херсонес разбрале дека царот крои планови да го врати престолот, и решиле да го уапсат и да го испратат во Цариград, каде неговата судбина ќе биде решена од цар Тибериј III Апсимар. Јустинијан сепак успеал да избега и да најде прибежиште кај хазарскиот владетел Ибузир. Во 703 година Јустинијан се оженил за неговата сестра, најверојатно откако ветил поддршка на Јустинијан за неговото враќање на престолот.

Паганското име на хазарската принцеза е непознато, но откако го прифатила христијанството таа го добила името Теодора. Ова име веројатно било избрано, во чест на царицата Теодора, сопруга на познатиот византиски цар Јустинијан I[2]. Освен со богати дарови, Ибузир им подарил на Јустинијан и Теодора нов дом во градот Фанагорија[3].

Откако во Цариград се научиле за склучениот династички брак, царот Тибериј III му понудил на хазарскиот владетел голем поткуп за главата на Јустинијан. Според Теофан Исповедник во 704 година Ибузир ги испратил двајцата свои агентии, Балгацин и Папацис, да го убијат на Јустинијан, но Теодора разбирала за мисијата на двајцата амбасадори и успеала да го предупреди навреме војот сопруг. Очекуваните од Јустинијан убијци биле задавени, по што поранешниот цар побегнал во Херсонес. Теодора била заробена од својот брат. Во тоа време таа веројатно веќе била бремена, бидејќи историските докази посочуваат дека во времето во кое Јустинијан и неговата сопруга биле разделени, им се родило единственото дете Тибериј[2].

Царица[уреди | уреди извор]

Во 705 година Јустинијан успеал да добие поддршка од бугарскиот хан Тервел и со помош на испратените од него војници поранешниот цар успеал да влезе во Цариград и да го врати престолот, погубувајќи ги луѓето кои биле вмешани во детронацијата од 695 година.

Теодора требало да биде крунисан за царицата на Јустинијан II, но таа сè уште била држена во заробеништво од својот брат. Според хрониките на Теофан и патријархот Никифор, цар Јустинијан II планирал да ја ослободи неговата сопруга со сила. Во 705/706 година царот испратил една флота кон Азовско Море со мисија за ослободување на Теодора. Бродовите сепак биле потопени од морска бура пред да стигнат на брегот на Крим.

Набрзо по овие настани Ибузир го известил со писмо на Јустинијан II, дека војната била излишна и дека тој ќе ја добие сопругата назад штом испрати луѓе од Цариград. Според Теофан со ова писмо тој му напишал и дека му се родил син. Така, Теодора и нејзиниот син пристигнале во византиската престолнина, по кое Теодора била официјалнорогласена за августа, а Тибериј за совладетел.

Повлекување[уреди | уреди извор]

Во 711 година додека Јустинијан II отсуствувал од главниот град, во Херсонес избувнало ново востание против власта, на чело со Филипик Вардан, кој бил прогласен за импеатор. Неспособен да се врати навреме во Цариград за да преземе мерки против новите востаници, Јустинијан бил уапсен и погубен во декември 711 година а неговата глава испратена како трофеј на Вардан.

Дознавајќи за смртта на царот, неговата мајка Анастасија го зела својот шестгодишен внук и соцар Тибериј и побарала засолниште во црквата „Пресв. Богородица“ во Влахерна. Луѓето на Филипик Вардан го извлекле Тибериј од олтарот и го убиле надвор од црквата. На овој начин бил ставен крај на династијата на Ираклиј.

Не е познато дали за време на овие настани Теодора била жива. Теофан Исповедник и патријархот Никифор I Цариградски не го споменуваат името на царката кога раскажуваат за убиството на нејзиниот сопруг и нејзиниот син. Според Јован Зонара, Теодора веќе била мртва. Зборовите на Зонара сепак не можат да бидат потврдени, бидејќи тој ги опишува настаните четири века подоцна[2].

Деца[уреди | уреди извор]

Теодора и Јустинијан имале едно машко дете:

  • Тибериј (705 – 711 совладетел од 706 до 711). Погубен од Филипик Вардан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Norwich, John Julius (1998). A Short History of Byzantium. Penguin Books. ISBN 978-0-14-025960-5.
  2. 2,0 2,1 2,2 Lynda Garland "Theodora, Second Wife of Justinian II"
  3. Kevin Alan Brook,. The Jews of Khazaria. 2nd ed. Rowman & Littlefield Publishers, Inc, 2006.
Претходник
Евдокија
Византиска царица
705–711
Наследник
Марија