Евдокија Ингерина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евдокија Ингерина
Византиска царица
Сопруга на византискиот цар
На престол26 мај 866 – 882
Роден(а)c. 840
Починал(а)882 (41–42 години)
Почивалиште
СопружникМихаил III Пијаницата (како љубовница)
Василиј I Македонецот
ДецаЛав VI Мудриот
Стефан I Цариградски
Александар
Ана Порфирогенита
Елена Порфирогенита
Марија Порфирогенита
DynastyМакедонска династија
ТаткоИнгер
МајкаМартинакија

Евдокија Ингерина (грчки: Ευδοκία Ιγγερίνα) била византиска царицата, сопруга на византискиот цар Василиј I Македонецот и мајка на царевите Лав VI Мудриот и Александар, како и на Стефан I Цариградски.

Животопис[уреди | уреди извор]

Евдокија била ќерка на Ингерн, телохранител од царската гарда, додека нејзината мајка се викала Мартинакија, која била далечна роднина на царското семејство.[1].

Поради фактот што семејството на Евдокија било на страната на иконоборците, таа не уживала симпатии кај царицата Теодора. Околу 855 година Евдокија станала метреса на царот Михаил III Пијаницата, што го предизвикал гневот на мајката на царот. За да избегне скандал кој требало да се разгори доколку ја напушти својата сопруга, Михаил III ја оженил Евдокија за својот пријател и иден цар Василиј, но Михаил III ја продолжил врската со неа, додека Василиј за возврат ја одржувал љубовна врска со сестрата на Михаил III, Текла.

Во септември 866 година Евдокија родила син, идниот цар Лав VI Мудриот, а во ноември 867 година го родила и вториот син, Стефан. Официјално нејзините деца биле и синови на Василиј, но тоа често било доведувано во прашање дури и од самиот сопруг на Евдокија. Прогласувањето на Василиј за соцар во мај 867 година го раширило слухот дека сигурно Лав бил нелегален син на Михаил III, кој го издигнал Василиј за соцар, за да ја обезбеди круната за синот од Евдокија. Татковството на помалите деца на Евдокија не било ставено под сомнение, бидејќи Михаил III бил убиен во септември 867 година

Во управувањето на Василиј I Македонецот, Евдокија се вплеткала во афера со друг маж, кого царот го принудил да се замонаши.

Евдокија починала во 882 година. Таа, според традицијата, ја избрала сопругата на својот син Лав, Теофана.

Деца[уреди | уреди извор]

Официјално Евдокија Ингерина и Василиј I Македонецот имале шест деца:

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cyril Mango, "Eudocia Ingerina, the Normans, and the Macedonian Dynasty," Zbornik radova Vizantoloskog Instituta, XIV-XV, 1973, 17-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Евдокија Декаполитиса
Византиска царица
866–882
со Евдокија Декаполитиса (866–867)
Наследник
Теофана