Арчибалд Рајс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Родолф Арчибалд Рајс
Роден(а)8 јули 1875.
Хаузах, Баден, Германско Царство
Починал(а)8 август 1929.
Белград, Кралство СХС
НационалностШвајцарец

Родолф Арчибалд Рајс (германски: Rudolph Archibald Reiss; Хаузах, Баден, 8 јули 1875Белград, 8 август 1929) — швајцарски форензичар, публицист, доктор на хемија и професор на Универзитет во Лозана. Се истакнал како криминолог со неговата работа на истражување на злосторот над српското население за време на Прва светска војна.

Живот[уреди | уреди извор]

Роден е на 8 јули 1875. година како осмо дете, од вкупно десет, на Фердинанд Рајс, земјосопственик, и Паулина Забина Ана Габриела, во местото Хехцберг (денес дел од Хаузах), во јужногерманска покраина Баден. После завршеното основно и средно образование во Германија, поради лоша здравствена состојба заминал на студии во Швајцарија, во романскиот кантон Во.

Титулата доктор по хемија ја стекнал веќе во 22. година, и станува избран за асистент по фотографија, а потоа станал признат доцент за таа област, на Универзитет во Лозана. За редовен професор по криминалистика именуван е 1906. година. Како професор се занимавал со научна работа и стекнал углед на криминолог од светски глас.

Ангажирање во Србија[уреди | уреди извор]

Куќа „Добро поле“ на Арчибалд Рајс на Топчидер, Белград.
Урна на Арчибалд Рајс во капела на Кајмакчалан.
Споменик на Арчибалд Рајс во Топчидерски парк, во Белград.

На повик на српската влада Рајс 1914. година отишол во Србија да ги истражува злосторите извршени од страна на австроугарската и бугарската војска во Србија (1914—1918) над цивилното население.[1] Напишал многу книги во врска со ова, а често праќал извештаи кои се објавувани во угледното списание на неутрална Швајцарија, Газет (Gazette). Со тоа како угледен професор и криминолог го известувал светот и ја расипувал пропагандната слика на Германците и Австроугарците за Србите како дивјачки народ.

Бил член на делегација на југословенската влада на Мировна конференција во Париз. Го засакал српскиот војник-селанец и српскиот народ и до крајот на животот останал во Србија.

Со српската војска ги поминал Албанија, Солунски фронт и со Моравската дивизија вмарширал во ослободениот Белград, во ноември 1918. година. После војната ја модернизирал техничката полиција при Министерството за внатрешни работи на новата држава. Тогашната криминалистичка техника според мислењето на американските истражувачи кои патувале по Европа целно проучувајќи го овој вид на полиција, била на многу високо ниво. Меѓутоа, Арчибалд Рајс, разочаран од некои негативни појави во општествениот и политичкиот живот се повлекол пред крајот на животот од сите јавни функции. Живеел скромно во својата вила „Добро поле“ (Топчидер) во Белград.

Др Арчибалд Рајс 1926. година станал почесен граѓанин на градот Крупањ. Таа година југословенскиот министер и генерал Душан Трифуновиќ го прогласил за почасен капетан I класа на пешадијата на Војската на Кралството СХС.[2]

Во септември 1928. година Рајс планирал да замине од Кралство СХС. Во интервју за Политика изјавил:

Но, секое трпение има свои граници. И моето е исцрпено до крајни граници. Мојата работа се попречува и обезвреднува, и ми се става на знаење како веќе не сум потребен“. Рајс понатаму објаснува како со пријателите од многу белградски друштва година дена работел на организација на прославата од десетгодишнината од пробојот на Солунски фронт: „Меѓутоа, господинот д-р Маринковиќ, не известувајќи го одборот, ја негирал целата работа. Одреден е еден нов одбор кој ќе ја приготви прославата. А прославата е закажана за осми октомври. Зошто? Каков е тој значаен ден, осми октомври, во историјата на вашиот народ.[3]


Починал на 8 август 1929. година во 4.30, во Белград.[4] Погребан е на топчидерските гробишта, додека по негова желба неговото срце е однесено во урна на Кајмакчалан, каде е погребано заедно со останатите ослободители од Солунскиот фронт. За жал, таа урна е скршена при еден налет на Бугарите во Втората светска војна.

Дела[уреди | уреди извор]

Напишал неколку познати дела од својата струка: Судска фотографија (La photographie judiciaire, Paris 1903); Приручник на говорниот портрет (Manuel du portrait parlé, Paris 1905) која е преведена на 10 јазици; Приручник на полициска наука (Manuel de Police scientifique (technique), I. Vols et homicides, Lausanne-Paris, 1911) во -{IV}- тома, од кои само првиот е завршен и објавен Кражби и убиства. Во тек и после војната објавил бројни војни и политички публикации, од кои некои се од големо значење за историјата на Србија.[5] Автор е на колекција од 10 илјади фотографии, таа колекција ја донел Ерик Сапин од Лозана во Белград поради дешифрирање на настаните и местата на нив.[6]

Пред крај на животот го објавил својот воен дневник во книгата под наслов Што сум видел и проживеал во големите денови(1928). Пред тоа, 1924. година ги објавува Писмата од српско-македонски фронт (1916—1918). Како свој посмртен аманет на српскиот народ го оставил необјавениот ракопис на книгата „Чујте Срби!“,[7][8] на француски јазик, во оригинал -{Ecoutez les Serbes!}-. Оваа книга е завршена на 1 јуни 1928. година, а 2004. година е печатена во голем тираж и делена бесплатно. Заслуги за ова имале фондацијата „Др Арчибалд Рајс“ од Белград и Шабачко-ваљевска епархија.

2014. објавена е и книга „Др Арчибалд Рајс - Воени извештаи од Србија и од Солунски фронт - необјавени текстови на српски јазик“.[9]

За него 2014. година е снимен документарен филм „Чујте Срби!: Арчибалд Рајс во Србија 1914-2014“.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бестијалност каква Европа не видела (РТС, 1. јун 2014)
  2. Политика, бр. 6.615 од петка 24. септембра 1926., стр. 5
  3. Политика, бр. 7.314 од уторка 11. септембра 1928, насловна страна
  4. Политика, бр. 7.638 од петка 9 августа 1929, насловна страна
  5. REPORT UPON THE ATROCITIES COMMITTED BY THE AUSTRO-HUNGARIAN ARMY DURING THE FIRST INVASION OF SERBIA"
  6. Тајни фотографии на Арчибалд Рајс („Блиц“, 8. јун 2014)
  7. „Чујте Срби (прва половина на книгата)“. Архивирано од изворникот на 2009-10-10. Посетено на 2015-06-14.
  8. „Чујте Срби (друга половина на книгата)“. Архивирано од изворникот на 2009-10-11. Посетено на 2015-06-14.
  9. Книга со необјавених текстови на Арчибалд Рајс на српски јазик („Блиц“, 8. септембар 2014)
  10. Cujte Srbi!: Arcibald Rajs u Srbiji 1914-2014. IMDB