Алкохол дехидрогеназа (ADH, од англиски: alcohol dehydrogenase) претставува група на ензими од групата на дехидрогенази, кои ги има во многу организми и учествуваат во претворањето на алкохолите до алдехиди и кетони со редукција на никотинамид аденин динуклеотид (NAD+ до NADH).
Алкохол дехидрогеназа претставува група на изоензими кои ја катализираат оксидацијата на првичните и вторичните алкохоли, до алдехиди и кетони, соодветно, а исто така можат да ја катализираат и реверзната реакција. Кај цицачите оваа реакција е редокс, која го вклучува коензимотникотинамид аденин динуклеотид.
Алкохол дехидрогеназа е димер со маса од 80 kDa.[2]