Филип Трајковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Трајковиќ
Роден 1 јуни 1982
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Караула
Тврдокорни
Занимање глумец

Филип Трајковиќ (роден на 1 јуни 1982 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ со улога во претставата „Ништо без Трифолио“ во 2006 година. Во 2009 се вработил во Драмски театар - Скопје.

Театарски претстави[уреди | уреди извор]

  • „Хамлет“, р. Дејан Пројковски, ДТС, 2010
  • Ангели во Америка“, р. Џаред Стајн, ДТС, 2009
  • „Коза или која е Силвија“, р. Дино Мустафиќ, ДТС 2009
  • „Сите лица на Петре М.Андреевски“, р. Владо Цветановски, ДТС, 2008
  • „Јонада“″, р. Филип Лемуан, ДТС, 2008
  • „Како се станува цар“, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2007
  • „Крал Иби“, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2007
  • „Касапски кучиња“, р. Бојан Трифунофски, ДТС, 2007
  • „Кабаре“, р. Наташа Поплавска, Приватен проект, 2006
  • „Поручникот од Инишмор“, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2005
  • „Сцени од животот“, р. Филип Лемуан, МНТ, 2004

Други ангажмани[уреди | уреди извор]

  • 2003, Рекламен спот за „Т-мобиле“
  • Учество во спотови во кампања на „СВРСА“
  • 2005, „Караула″ – филм во режија на Рајко Грлиќ
  • 2006- 2009, Синхронизација на цртани серии за А1 телевизија и Канал 5 телевизија
  • 2006, Синхронизација на цртани серии за Канал 5 телевизија