Бекирлија

Координати: 41°40′48″N 21°56′27″E / 41.68000° СГШ; 21.94083° ИГД / 41.68000; 21.94083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бекирлија

Разрушени куќи во Бекирлија

Бекирлија во рамките на Македонија
Бекирлија
Местоположба на Бекирлија во Македонија
Бекирлија на карта

Карта

Координати 41°40′48″N 21°56′27″E / 41.68000° СГШ; 21.94083° ИГД / 41.68000; 21.94083
Регион  Вардарски
Општина  Лозово
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24005
Надм. вис. 223 м
Бекирлија на општинската карта

Атарот на Бекирлија во рамките на општината
Бекирлија на Ризницата

Бекирлија (турски: Bekirli, Бекирли) — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото има турско потекло. Всушност е составено од два дела, личното име Бекир и наставката -ли, каде оваа наставка во турскиот јазик се користи за означување на нечије место. Кога сето ова би се превело на македонски јазик, би имало значење во смисол на: “место каде што живее Бекир”.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на најјужниот дел од територијата на Општина Лозово, недалеку од устието на реката Светиниколска или Азамак, во Брегалница. Селото е рамнинско, на надморска височина од 230 метри. Од патот Штип-Велес населбата е оддалечена 15,3 км, а од централното место Свети Николе 36,3 км.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот се допира со териториите на општините Штип и Велес. Тој зафаќа простор од 16,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 892,9 ха, обработливото земјиште зазема површина од 510,8 ха, а на шумите отпаѓаат 114,3 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948134—    
1953161+20.1%
1961116−28.0%
197170−39.7%
198125−64.3%
ГодинаНас.±%
199125+0.0%
199415−40.0%
20025−66.7%
20211−80.0%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 270 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[4]

Селото е мало и во фаза на раселување, бидејќи Турците што живееле во него, во значителен број се иселиле во Турција. Во 1961 година броело 116 жители, од кои 77 биле Албанци, а шест жители Турци, додека во 1994 година имало само 15 жители, населено со турско население.

Според пописот од 2002 година, населението на Бекирлија броело 5 жители, сите Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 270 134 161 116 70 25 25 15 5 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1709 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Кишино.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во ова село е сниман документарниот филм Медена земја, каде освоил многу награди на европските и американските кинофестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 г. што освоил три награди. Исто така, филмот бил предложен на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарен филм.[11][12] Со ова постигнување, тој е единствениот документарен филм во историјата што добил две номинации во уште една категорија, освен таа за документарни филмови. Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил предложен за наградата „Оскар“.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Значителен број од неговите жители се иселиле во Турција.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 23.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Magleshov, Vasko. „„Медена земја" – македонски кандидат за „Оскар". Makfax. Посетено на 27 August 2019.
  12. Holdsworth, Nick. „Oscars: North Macedonia Selects 'Honeyland' for Best International Feature Category“. The Hollywood Reporter. Посетено на 27 August 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]