Владимир Куленовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владимир Куленовиќ (српски: Владимир Куленовић) (роден во 1980) е српски диригент.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кариера[уреди | уреди извор]

Куленовиќ е диригент со светска слава, нарекуван „принц на Србија во музиката“. Соработувал со Белградската филхармонија, како и со повеќе симфониски оркестри од Европа, САД и Азија. Тој е избран за шеф-диригент на симфонискиот оркестар „Лејк Форест“ од Чикаго. Секоја година, Куленовиќ диригира над 100 изведби. На 19 февруари 2015 година, Куленовиќ диригирал во Скопје, на симфонискиот концерт на Македонската филхармонија насловен „Руска ноќ“.[1]

За својата работа, тој е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и стипендијата „Бруно Валтер“, наградата за диригирање „Чарлс Шиф“ и наградата „Алфред Б. Витни“ за најдобро достигнување на Бостонскиот универзитет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Вечерва „Руска ноќ“ со Македонската филхармонија“, Утрински весник, година XVI, број 4714, четврток, 19 февруари 2015, стр. 14.