Вечен аманет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вечен аманет е збирка поезија на македонската поетеса Ракида Спасовска. Збирката е објавена во мај 2010 година, од издавачката куќа „ИД Апис“ од Битола.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена во рамките на едицијата „Фондација Ванчо Николески“. Книгата е отпечатена во мек повез, со димензии од 20 сантиметри и има 50 страници. Каталогизацијата е извршена од Матичната и унивезритетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-850-63-9. Рецензенти на книгата биле Билјана Герас и Илче Стојановски. Книгата е отпечатена во печатницата „Полиграфика“ од Битола.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 22 песни: Вечен аманет, Бол до непребол, Војникот - тоа сум јас, Војникот и девојката, Војничка порака, Војнички завет на 21 век, Две илјади и прво господово лето, Заветот на татковината, Метафорите на војникот, Мирот - светлост на денот, Мирот е Деница ѕвезда, Молитва за војникот, Празник на војникот, Прегратка, Смелост на војникот, Татковината најмногу од сè се сака, Тебе војнику, Темелник наш, Тестаментот на војникот, Ти си, Ти си духовен храм војнику, Украс од кристали.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ракида Спасовска, Вечен Аманет, ИД Апис, Битола, 2010.
  2. Ракида Спасовска, Вечен Аманет, ИД Апис, Битола, 2010.