Белоруски дијалекти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијалекти на белорускиот јазик[1]:
  североисточни
  југозападни
  среднобелоруски

  полески

Линии:
  граница на белоруските говори (1903, Карски)
  источна гранича на западните руски говори (1967, Захарова, Орлова)
  граница на белоруските и украинските говорои (1980, Бевзенко)
Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Белоруските дијалекти, или дијалектите на белорускиот јазик, се поделени на две основни групи: североисточни и југозападни дијалекти. Овие две групи се поделени меѓусебе од среднобелоруските дијалекти. Дијалектите на белорускиот јазик се разликуваат еден од друг по акањето, присуството на тврдото „р“ во сите позиции, или во одредени ситуации, или мешањето на тврдото „р“ со мекото, присуството или отсуството на дифтонзи, ѕекање и цекање, мешање на „ч“ и „ц“ и така натака. Некои од дијалектите претставуваат преодни говори кон соседните украински или руски дијалекти.

Огромен придонес кон изучувањето на особините на белоруските говори дал академикот на Руската императорска академија Ефимиј Фјодорович Карски. По завршувањето на Втората светска војна, Институтот за лингвистика при Националната академија на Белорусија, заедно со Белорускиот државен универзитет и Педагошкиот институт на Белорусија организирале подробно и систематско изучување на белоруските дијалекти во границите на Република Белорусија. На основа на собраните материјали бил составен подетален „Дијалектолошки атлас на белорускиот јазик“[2], „Лингвистичка географија и групирање на белоруските говори“[3], не сите јазици во светот и не сите јазици во Европа имаат таква подробно зацврстување на научниот труд во областа на дијалектологијата.

Класификација[уреди | уреди извор]

Во белорускиот јазик опстојуваат следниве дијалекти и говорни групи[4][5]:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беларуская мова: энцыклапедыя // Пад рэд. А. Я. Міхневіча. — Мн.: Беларуская энцыклапедыя імя Петруся Броўкі, 1994. — C. 55.
  2. Дыялекталагiчны атлас беларускай мовы. У 2-х ч. / Пад рэд. Р. І. Аванэсава. — 1963.
  3. Лiнгвiстычная геаграфiя i групоўка беларускiх гаворак / Пад рэд. Р. І. Аванэсава. — 1968—1969.
  4. Судник М. Р. Предлошка:Статья ЛЭС
  5. Этнаграфія Беларусі: Энцыкл. (Беларус. Сав. Энцыкл.; Э91 Рэдкал.: І. П. Шамякін (гал. рэд.) і інш. — Мн.: БелСЭ, 1989. — 575 с.:іл. ISBN 5-85700-014-9

Поврзано[уреди | уреди извор]