Циновиц

Координати: 54°04′35″N 13°54′41″E / 54.07639° СГШ; 13.91139° ИГД / 54.07639; 13.91139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Циновиц
Протестантска црква во Циновиц
Протестантска црква во Циновиц
Протестантска црква во Циновиц
Грб на Циновиц
Циновиц во рамките на Германија
Циновиц
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Север
Градоначалник Карстен Михалк
Основни податоци
Површина 9,04 км2
Надм. височина 5 м
Население 4.158 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 460 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17454
Повик. бр. 038377
Портал www.zinnowitz.de
Местоположба на Циновиц во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 54°04′35″N 13°54′41″E / 54.07639° СГШ; 13.91139° ИГД / 54.07639; 13.91139

Циновиц (германски: Zinnowitz) — општина и бањски град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на островот Узедом на северниот германски брег на Балтичкото Море. Општината има железнички врски до Волгаст и Албек. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Узедом-Север.

Хотели во препознатлиот стил на бањска архитектура (Bäderarchitektur) во Циновиц
Историската крајбрежна патека на Циновиц, 1906

Историја[уреди | уреди извор]

Циновиц е првпат споменат како Цис (Tzys) во 1309 во декрет од војводата Богуслав IV до манастирот Крумин. Кога манастирот бил распуштен во 1563, Цис се вратил во посед на војводите. На крајот на Триесетгодишната војна во 1648, Узедом со Померанија, припаднал на Шведска, што го променило неговото име од старата словенска форма од Цис, изговарано како Циц (Zitz). Во средината наXVIII век, Циц припаднал на Кралството Прусија. Во 1751 како дел од реорганизација на кралството, Циновиц бил преименуван. Кога пруската држава паднала во финансиски проблеми поради Наполеоновите војни, го продала Циновиц на стопанственик, кој за возврат им дал 32 парцели на група доселеници. Следен голем чекор за Циновиц бил на 16 јуни 1851: Циновиц бил признат како официјално бањско претпријатие.[2]

Јозеф Алоиз Кеслер, последниот бискуп на Германците од Волга, се пензионирал и умрел во Циновиц.

За време на Источна Германија, Циновиц бил најважно бањско одморалиште за германскиот синдикален туризам.

Циновиц е едно од десетиците можни места за митолошкиот потопен средновековен град Винета. Легендата се изведува во текот на летото на отворена сцена во одморалиштето.

Во шумата помеѓу Циновиц и Цемпин постојат остатоци на рампите за лансирање на тест-ракетите Фау-1. Тие биле користени помеѓу 1943 и 1945 како дел од блиските објекти за тестирање на ракети во Пенеминде.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. Meyers Reisebuch Deutsche Ostseeküste, II. Teil: Rügen und die pommersche Küste mit ihrem Hinterland, 2. Auflage, Bibliographisches Institut, Leipzig 1924, S. 62.
  3. Документација за рампите за лансирање

Надворешни врски[уреди | уреди извор]