Борче Неделковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борче Неделковски (1916 - 1985) од Скопје е најдобриот фудбалски судија на сите времиња од Македонија. Тој е првиот судија со знак на ФИФА во Македонија, а еден од првите тројца со ФИФА знак во СФРЈугославија заедно со Васа Стефановиќ и Лео Лемешиќ. Пред Втората светска војна завршил Трговача академија во Скопје. Од 1941-ва до 1943-та е во заробеништво во Германија во работнички логори. Фудбалки судија станува веднаш по завршувањето на војната, а од 1949-та е меѓународен судија. Има одсудено над 60 меѓународни натпревари, вклучително и полуфиналето на Купот на Саемските градови (сегашна УЕФА лига) на Сан Сиро помеѓу Милан и Келн. Тогаш таму настапуваат големите звезди Суареш, Шнелингер... Во рамките на Купот на Маршал Тито, има одсудено најмногу финални натпревари од сите судии во СФРЈ, дури пет (5). Вклучително и најдраматичното финале на Купот на Маршалот на сите времиња Раднички (Белград) - Партизан (Белград) 3:5 (3:0), кога во второто полувреме Стјепан Бобек постигнува три гола. По големата афера со местење на фудбалските натпревари во Италија, кога се суспендирани сите италијански фудбалски судии, 3 судијски тројки од СФРЈ одат на “испомош“ и судат во италијанското Калчо. Борче Неделковски на тој начин, низ 2-годишниот ангажман во Калчото, е единствен македонски судија што било когаш судел во лигата на Италија. По “пензионирањето“ како фудбалски судија станува Генерален секретар на ФК Вардар од Скопје. Во негово време изградено е помошното игралиште на Вардар, а се поставени и рефлекторите на тогашниот Градски стадион.

Со сопругата Виолета има две деца Ратко и Миленко.

Фотографии[уреди | уреди извор]