Падот на Вол Стрит во 1929 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Crowd gathering on Wall Street after the 1929 crash.

Падот на Вол Стрит во 1929 година , исто така познат како Црн вторник [1] и Падот на берзата во 1929 година, започнува кон крајот на октомври 1929 година и се смета за најкатастрофален пад на берзата во историјата на Соединетите Американски Држави земајќи го во предвид обемот и времетраењето на последиците. Падот го сигнализираше почетокот на десет годишната Голема Депресија која што ги зафати сите западни индустриски земји и во Соединтетите Американски Држави не заврши се до почетокот на американското ангажирање во Втората светска војна, на крајот од 1941 година. Секој кој што купил акции во средината на 1929 година и ги задржал,го видел поголемиот дел од неговиот или нејзиниот живот како му минува пред очи пред да се врати во нормала. – Ричард М. Салсман.


Временска линија[уреди | уреди извор]

The Dow Jones Industrial, 1928–1930.

Лудите дваесети години, деценијата која што доведе до Падот, беше време на богатство и прекумерност. Покрај оспасноста од шпекулации многумина веруваа дека берзата ќе продолжи да расте до бескрај.Пазарот беше во деветата година од функционирањето кога ‘The Dow Jones Industrial Average’ десеткратно ја зголеми вредноста со највисока точка од 381.17 на 3 септември,1929 година.Непосредно пред прадот, економистот Ирвинг Фишер славно прогласи,’Цените на берзата го достигнаа она што изгледа како трајно високо плато. ’. Оптимизмот и финансиските заработки од големиот зголемувашки пазар беа разнишани на 18 септември,1929 година кога цената на акциите на берзата во Њу Јорк (NYSE) наеднаш падна.

На 20 септември, лондонската берза (LSE) официјално падна кога големиот инвеститор Кларенс Хетри и многумина од неговите соработници беа затворени за измама и фалсификат.Падот на лондонската берза го намалува оптимизмот на американските инвестиции на пазарите во странство.Во деновите кои што доведоа до падот, пазарот беше доста нестабилен.Периоди на продажба и високи количини на тргување беа прошарани со кратки периоди на покачување на цените и заживување.Економистот и автор Џуд Ваниск подоцна ги поврзува овие отскокнувања со можноста за усвојување на законот за цени ‘Smoot-Hawley’, за кој што се дискутираше во Конгресот.

На 24 октомври (“Црниот Четврток”) , пазарот губи 11% од неговата вредност на почетокот од секое големо тргување.Неколку водечки банкари на Вол Стрит се состануваат за да пронајдат решение за паниката и хаосот во одделот за тргување.На состанокот учевствуваат Томас В. Ламонт, кој стои на чело на ‘Morgan Bank’; Алберт Вигин директор на ‘Chase National Bank’; и ЧАрлс И. Мичел претседател на ‘National City Bank of New York’. Тие го избираат Ричард Витни,заменик претседател на берзата, да дејствува во нивно име.

Со финансиските средства на банкарите позади него,Витни прави обид да купи голем блок на акции во ‘U.S. Steel’, по цена повисока од цената на тековниот пазар. Како што гледаа трговците,Витни потоа прави ист обид со нивните акции за кои што се плаќа профит во добри и во лоши времиња. Тактиката беше иста како онаа што стави крај на паниката во 1907 година.’The Dow Jones Industrial Average’ се повратија,затворајќи само 6.38 поени за тој ден,сепак, за разлика од 1907 година,олеснувањето беше само привремено.

The trading floor of the New York Stock Exchange in 1930, six months after the crash of 1929

За време на викендот, настаните беа објавени во весниците низ Соединетите Американски Држави.На 28 октомври, ‘Црниот понеделник’ уште инвеститори одлучуваат да се тргнат од пазарот и падот продолжува со рекордна загуба на денот во ‘the Dow’ од 38.33 поени, или 13 %.

Наредниот ден,29 октомври,1929 година, околу 16 милиони акции се разменети и ‘the Dow’ губи дополнителни 30 поени , или 12%, и се шират гласини дека Американскиот претседател Херберт Хувер нема да стави вето на законот за цени ‘Smoot-Hawley’, кој е ставен на чекање.Бројот на акции кои се тргувани на 29 октомври ,1929 година е рекорд кој што не беше рушен околу 40 години.

На 29 октомври,Вилијам К. Дуран се здружува заедно со членови од фамилијата Рокфелер и други финансиски гиганти да купат големи количини на акции со цел да и ја покажат на јавноста нивната доверба на пазарот, но нивните напори не успеваат да го запрат големото намалување на цените.Поради огромната количина на акции продадени тој ден, часовникот не престана да работи до 7.45 тоа попладне.Пазарот изгуби скоро 30 милијарди долари во текот на тие два дена , а само на 29 октомври 14 милијарди долари .

;Просекот на 'Dow Jones' во Црниот понеделник и Црниот вторник[2]
Датум Промена % Промена Крај
Октомври 28, 1929 година −38.33 −12.82 260.64
Октомври 29, 1929 година −30.57 −11.73 230.07

По еднодневно опоравување на 30 октомври кога ‘the Dow’ поврати дополнителни 28.40 поени или 12 %, пазарот продолжи да опаѓа достигнувајќи привремено дно на 13 ноември,1929 година, со затворање на ‘the Dow’ со 198.60. Потоа пазарот заживува неколку месеци, почнувајќи од 14 ноември, со добивката на ‘the Dow’ од 18.95 поени со затварање на 217.38, и достигнувајќи повторен затварачки врв (т.е берза со постојано опаѓање на курсот) од 294.07 на 17 април,1930 година.По донесувањето на законот ‘Smoot-Hawley’ во средината на јуни,’the Dow’ повторно падна,стабилизирајќи се над 200.Следната година,’the Dow ‘ почнува со многу поголем,одмерен пад од април 1931 година до 8 јули 1932 година кога затвара со 41.22 – неговото најниско ниво во 20 век, вклучувајќи и 89% загуба за сите акции на пазарот.Во поголемиот дел од 1930 тите години,’the Dow’ почнува полека да се враќа во нормала по падот во 1929 година и следните три години,почнувајќи од 15 март ,1933 година, со најголем процент на зголемување од 15.34 %, со затварање на ‘the Dow Jone’s на 62.10,со 8.26 поени зголемување.Најголемиот процент на зголемување на ‘the Dow Jones’ се случува за време на почетокот и средината на 1930 тите години, но нема да се врати пак на врвот како што беше на 3 септември ,1929 години,се до 23 ноември , 1954 година., Yahoo! Finance</ref>[3]

Анализи[уреди | уреди извор]

Економски основи[уреди | уреди извор]

The crash followed a speculative boom that had taken hold in the late 1920s. During the later half of the 1920s, steel production, building construction, retail turnover, automobiles registered, even railway receipts advanced from record to record. The combined net profits of 536 manufacturing and trading companies showed an increase, in fact for the first six months of 1929, of 36.6% over 1928, itself a record half-year. Iron and steel led the way with doubled gains.[4] Such figures set up a crescendo of stock-exchange speculation which had led hundreds of thousands of Americans to invest heavily in the stock market. A significant number of them were borrowing money to buy more stocks. By August 1929, brokers were routinely lending small investors more than two-thirds of the face value of the stocks they were buying. Over $8.5 billion was out on loan,[5] more than the entire amount of currency circulating in the U.S. at the time.[6][7]

The rising share prices encouraged more people to invest; people hoped the share prices would rise further. Speculation thus fueled further rises and created an economic bubble. Because of margin buying, investors stood to lose large sums of money if the market turned down—or even failed to advance quickly enough. The average P/E (price to earnings) ratio of S&P Composite stocks was 32.6 in September 1929,[8] clearly above historical norms.[се бара извор]

Good harvests had built up a mass of 250,000,000 bushels of wheat to be 'carried over' when 1929 opened. By May there was also a winter-wheat crop of 560,000,000 bushels ready for harvest in the Mississippi Valley. This oversupply caused a drop in wheat prices so heavy that the net incomes of the farming population from wheat were threatened with extinction. Stock markets are always sensitive to the future state of commodity markets and the slump in Wall-street predicted for May by Sir George Paish, arrived on time. In June 1929 the position was saved by a severe drought in the Dakotas and the Canadian West, plus unfavorable seed times in Argentina and Eastern Australia. The oversupply would now be wanted to fill the big gaps in the 1929 world wheat production. From 97c per bushel in May wheat rose to $1.49 in July. When it was seen that at this figure the American farmers would get rather more for their smaller crop than for that of 1928, up went stocks again and from far and wide orders came to buy shares for the profits to come.

Then in August the wheat price fell when France and Italy were bragging of a magnificent harvest and the situation in Australia improved. This sent a shiver through Wall Street and stock prices quickly dropped, but word of cheap stocks brought a fresh rush of 'stags,' amateur speculators and investors. Congress had also voted for a 100 million dollar relief package for the farmers, hoping to stabilize wheat prices. By October though, the price had fallen to $1.31 per bushel.[9] The falling commodity markets in other countries told upon even American self-confidence, and the stock market started to falter.

On October 24, 1929, with the Dow just past its September 3 peak of 381.17, the market finally turned down, and panic selling started.[10]

The president of the Chase National Bank said at the time "We are reaping the natural fruit of the orgy of speculation in which millions of people have indulged. It was inevitable, because of the tremendous increase in the number of stockholders in recent years, that the number of sellers would be greater than ever when the boom ended and selling took the place of buying."[11]

Понатамошни активности[уреди | уреди извор]

Во 1932 година, беше основана Комисијата Пекора од страна на Сенатот на САД да ги проучи причините за падот.Наредната година, Конгресот на САД го изгласува законот ‘Glass – Seagall’ кој налага поделба помеѓу комерцијалните банки, кои што земаат влогови и продолжени заеми, и инвестициони банки, кои што потпишуваат,бараат, и даваат акции, обврзници и други хартии од вредност.

По искуството од падот во 1929 година,берзите низ светот воведуваат мерки да се спречи тргување во случај на брзи намалувања, тврдејќи дека мерките ќе ги спречат таквите продажби во страв.Сепак, еднодневниот пад во Црниот понеделник на 19 октомври , 1987 година , кога индустрискиот просек на ‘Dow Jones’ падна на 22.6 % е најлош во поглед на проценти од било кој друг ден во падот во 1929 година.

Ефекти и академска дебата[уреди | уреди извор]

Crowd at New York's American Union Bank during a bank run early in the Great Depression.

Заедно, падот на берзата во 1929 година и Големата Депресија ја прават најголемата финансиска криза на дваесетиот век. Стравот од октомври,1929 година служи како симбол на економските контракции кои што ќе го зафатат светот во текот на следната деценија. Падот во 1929 година предизвика страв помешан со збунетост , но шокот беше брзо оспорен со негирање,и официјално и заблудно. Падот на акциите на 24 и 29 октомври ,1929 година беше практично моментален на сите финансиски пазари,освен Јапонија.

Падот на Вол Стрит имаше големо влијание врз американската и светската економија и беше извор на напната дебата – историска,економска а и политичка –од нејзините последици до денес.Некои луѓе веруваат дека злоупотребите од страна на холдинг компаниите придонесуваат за Падот на Вол Стрит во 1929 година и за Депресијата што подоцна следеше.Многу луѓе одговорноста ја бараат во колапсот на комерцијалните банки кои што беа премногу желни да ставаат влогови на ризик на берзата.

Падот во 1929 година им донесе на Лудите дваесети години голем застој.Како што привремено искажува економскиот историчат Чарлс Киндлебергер во 1929 година немало ниту еден способен позајмувач , кој што , доколку би постоел и правилно би постапил, ќе беше клучот за скратување на бизнис намалувањето кое што нормално следи во финанасиска криза.Падот на пазарот го одбележа почетокот на широко распространети и долготрајни последици за САД. Историчарите сеуште полемизираат околу прашањето: дали Падот во 1929 година ја предизвика Депресијата , или само се совпаѓа со пробивот на лесното кредитирање на економскиот меур ? Само 16 % од американските домаќинства инвестираа на берзата во САД во текот на периодот што водеше кон депресијата,укажувајќи на тоа дека падот има помало влијание во предизвикувањето на депресијата.


Unemployed men march in Toronto, Ontario, Canada.

Но,психолошките ефекти од падот се раширија низ народот како што бизнисот стануваше се посвесен за тешкотиите во обезбедувањто на капитални инвестиции за нови проекти и проширувања.Несигурноста во бизнисот секако влијае на сигурноста на работното место на вработените, и како американскиот работник (потрошувачот) се соочува со несигурност во однос на приход,се разбира тенденцијата да троши опаѓа.Опаѓањето на цените на акциите предизвика банкрот и неколку макроекономски тешкотии влкучувајќи скратување на кредит, затворање на бизниси, отпуштање на работници,банкарски неуспеси,опаѓање на приливот на пари и други економски настани кои се карактеристични за период на депресија.

Променливиот пораст на масовната невработеност се гледа како резултат од падот, иако падот во никој случај не е главниот настан што допринесува за депресијата.Падот на Вол Стрит е гледан како има најголемо влијание на настаните што следуваат и затоа се гледа како сигнал за надолниот пад кој што ја предизвикува Големата Депресија.Вистина или не, последиците беа лоши скоро за сите.Повеќето академски експерти се согласуваат за едно гледише во врска со падот: Избриша богатство од милијарди долари во еден ден, и веднаш ја забави потрошувачката. Парод предизвика светска трка за американските златни влогови (т.е. доларот), ги принуди Федералните Резерви да ја покачат каматната стапка во рецесијата.Околу 4,000 банки и други позајмувачи на крајот пропаднаа.Исто така, правилото на поотчукување кое што дозволува кратка продажба кога последното отчукување на цената на акциите е позитивно,беше воведено по падот на берзата во 1929 година за да ги спречи малите продавачи од променување на цената на акција со обид да ја намали цената за да покријат мала позиција.

Економистите и историчарите не се согласуваат со тоа каква улога одиграл падот во понатамошните економски,социјални и политички настани. Во 1988 година спиасанието ‘The Economist’ во една статија тврди дека Депресијата не почнала со падот на берзата. Ниту пак беше јасно дека во времето на падот заполнува депресија. Тие прашаа, ‘Дали може таков колапс на берза да предизвика сериозен неуспех на индустријата кога индустриското производство во најголем дел е во здрава и стабилна состојба?’ Тие тврдат дека мора да има некаква пречка, но сеуште немаше никаков доволен доказ за се докаже дека ќе биде доволен или што ќе треба да оди во целосно проучување како се доаѓа до создавање на индустриска депресија. Но ‘The Economist’ исто така предупреди дека треба да се очекува и пропаст на некои банки а други пак може да немаат останати резерви за финансирање на комерцијалните и инустриските корпорации.Тие заклучија дека позицијата на банките е клучна за ситуацијата , но што ќе се случело неможело да се предвиди. Академците го гледаат падот на Вол Стрит во 1929 година како дел од историски процес кој што е дел од новите теории на бум и пад. Според економистите, како што се Џозеф Шумпетер , Николај и Чарлс И. Мичел , падот беше само историски настан во процесот познат како економски циклуси.Влијанието од падот беше само да ја зголеми брзината со која што циклусот продолжува во неговото следно ниво.

Книгата , ‘A monetary History of The United States’ на писателот Милтон Фридман и соработникот Ана Шварц ,дава аргумент дека тоа што ја направило ‘големата контракција’ толку сериозна не е опаѓањето во бизнис циклусот,протекционизам, или падот на берзата во 1929 година. Но наместо тоа, што ја доведе државата во длабока депресија, е колапсот на банкарскиот систем во текот на трите бранови на страв во периодот од 1930-33 година.

  1. http://www.americaslibrary.gov/jb/wwii/jb_wwii_subj.html
  2. Dow Jones Industrial Average All-Time Largest One Day Gains and Losses“, „The Wall Street Journal“ (посет. 11 мај 2011 г).
  3. "U.S. Industrial Stocks Pass 1929 Peak", The Times, November 24, 1954, p. 12.
  4. BROAD FACTS OF, ILSA CRISIS.“, National Library of Australia, 1 ноември 1929, стр. 6 Edition: HOME FINAL EDITION (посет. 22 ноември 2012 г).
  5. Lambert, Richard. „Crashes, Bangs & Wallops“, „Financial Times“, 19 јули 2008 (посет. 30 септември 2008 г). „At the turn of the 20th century stock market speculation was restricted to professionals, but the 1920s saw millions of 'ordinary Americans' investing in the New York Stock Exchange. By August 1929, brokers had lent small investors more than two-thirds of the face value of the stocks they were buying on margin – more than $8.5bn was out on loan.“
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име PBSNYDoc.
  7. Facing the facts: an economic diagnosis. http://books.google.com/books?id=v3-1r1gHcb4C&pg=PA14&lpg=PA14&dq=volume+of+dollars+in+circulation+in+1929#v=onepage&q=volume%20of%20dollars%20in%20circulation%20in%201929&f=false. посет. 30 септември 2008 г. 
  8. Shiller, Robert (2005-03-17). „Irrational Exuberance, Second Edition“. Princeton University Press. конс. 2007-02-03. 
  9. GRAIN PLUNGES.“, National Library of Australia, 26 октомври 1929, стр. 19 (посет. 22 ноември 2012 г).
  10. WILD SELLING. New York Panic.“, National Library of Australia, 26 октомври 1929, стр. 17 (посет. 22 ноември 2012 г).
  11. SECOND CRASH.“, National Library of Australia, 30 октомври 1929, стр. 17 (посет. 20 ноември 2012 г).