Црква „Св. Архангел Михаил“ - Лесново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Архангел Михаил

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Штипско
Парохија Злетовска
Местоположба

Карта

Координати 42°00′47.5″N 22°13′41.4″E / 42.013194° СГШ; 22.228167° ИГД / 42.013194; 22.228167Координати: 42°00′47.5″N 22°13′41.4″E / 42.013194° СГШ; 22.228167° ИГД / 42.013194; 22.228167
Место Лесново
Општина Пробиштип
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Завршено 11 век
Осветување 1347
Живопис 14 век
Ктитор Свети Гаврил Лесновски
Зограф Петре Филиповски – Гарката и непознати автори
Водство Игумен Дамскин
Архитектонски опис

„Свети Архангел Михаил“ — соборен храм во манастирот „Свети Гаврил Лесновски“ во Лесново, Пробиштипско.

Старешина на Лесновскиот манастир од 2007 година е Игумен Дамаскин. Во составот на манастирското братство има уште двајца јеромонаси, двајца монаси, еден јероѓакон и искушеници.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според најстарото житие на свети Гаврил Лесновски, напишано од Станислав Граматик во 1330 година, овој храм и манастирот потекнуваат од 11 век, основан од Свети Гаврил Лесновски, посветен на Свети Архангел Михаил. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи. Иконостасот е во длабока резба од 1811-1814, прво дело на тајфата на Петре Филиповски – Гарката.[1]

Значење[уреди | уреди извор]

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско-сликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Св. Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух се појавува во одредени периоди од годината. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]