Кузман Поп Стефанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кузман Поп Стефанија
Роден 1935
Охрид, Кралство Југославија
Починал 10 јануари 2013
Охрид, Македонија Македонија
Занимање Музичар Кувар

Кузман Поп Стефанија (Охрид, 1935 - Охрид, 10 јануари 2013) бил виден македонски музичар, еден основачите на култниот ансамбл на староградски песни „Билјана“ од Охрид.

Животопис[уреди | уреди извор]

Поп Стефанија е роден во Охрид во 1935 година. Тој бил еден од основачите на ансамблот на староградски песни „Билјана“ кој во септември 2012 година одбележал 60 години од формирањето. „Билјана“ бил познат музички состав низ некогашните југословенски простори, успешно презентирајќи ја охридската староградска песна. Составен од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски - Сингл, Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски, ансамблот имал снимено неколку албуми со староградски народни песни и ора, а активно работел сè до 2002 година, презентирајќи ја охридската староградска музика како во земјата, така и во светот. Денес ансамблот повторно е активен, но од страна на потомците на Поп Стефанија.[1] Починал по кратко боледување на 10 јануари 2013 во Охрид.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Спот за охридска песна нормално дека се снима во Охрид!“. Вечер. 25 август 2012. Посетено на 2013-01-10.
  2. „Почина Кузман Поп Стефанија, еден од основачите на ансамблот „Билјана". Инфо +. 10 јануари 2013. Посетено на 2013-01-10.