Соре

Координати: 55°26′N 11°34′E / 55.433° СГШ; 11.567° ИГД / 55.433; 11.567
Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Соре

Соре (дан. Sorø) — помал град во Источна Данска, административен центар на општината Соре и регионот Зеланд. Населението брои 7.764 жители.[1]

Местото е основано во 1161 г. од епископот Абсалон, кој подоцна го основал и Копенхаген, во околината на академијата (Sorø Akademi) која датира од 1140 г. Во близина се наоѓа и манстирската црква (Sorø Klosterkirke), каде е погребан епископот Абсалон и кралицата Маргарита I. Останките на кралицата подоцна се префрлени во Роскилдската катедрала).

Академијата во Соре

Многу од жителите на Соре всушност работат во поширокото подрачје на Копенхаген или во градот Роскилде.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BEF44: Население на 1 јануари, по населени подрачја - Статистичка служба на Данска (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

55°26′N 11°34′E / 55.433° СГШ; 11.567° ИГД / 55.433; 11.567