Руско-белоруски односи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-белоруски односи
Map indicating locations of Belarus and Russia

Белорусија

Русија

Руско-белоруските односи се надворешни билатерални односи меѓу Белорусија и Руската Федерација. Русија останува најголем и најважен партнер за Белорусија и во политичките и во економските области. Договорот за еднакви права на граѓаните меѓу Белорусија и Русија бил потпишан во декември 1998 година кој опфаќа вработување, пристап до здравствена грижа и образование. Двете земји имаат направено сојузна држава.

Историја[уреди | уреди извор]

По распадот на Советскиот Сојуз, новоформираната руската држава се обидела да ја задржи контролата врз пост-советскиот простор преку формирање, на 8 декември 1991 година регионална организација - Заедницата на независни држави (ЗНД). Сепак, Белорусија, како и другите републики во ЗНД, започнале кон своја политика далеку од Русија обидувајќи се да ја стабилизира својата економија и да воспостави врски со Западна Европа[1] Во почетокот на 90-тите години Русија била загрижена најмногу поради овој факт. Сепак, кога НАТО започнал да се проширува кон исток, Русија се нашла во тешка ситуација кое доведувало до зголемување на важноста на добрите односи со Белорусија[2].

Потпиѓување на договор за сојузништво

Во средината на 1990-тите и по доаѓањето на Александар Лукашенко на власт во Белорусија, Белорусија изгледала како идеален кандидат за интеграција со Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјавил по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Белорусија во февруари 1995 година дека двете држави имале заедничко историско искуство во текот на многу векови. Процесот на интеграција. Така на 2 април 1996 година Елцин и Лукашенко потпишале договор за создавање на Сојуз Русија-Белорусија. Наскоро станало јасно дека секоја земја сака да добие сопствена корист од ова здружение. При изготвувањето на договорот, Москва инсистирала на забрзување на приватизацијата на белоруските претпријатија и демократизација на политичкиот живот во земјата. Минск за возврат барала стекнување на Врховна законодавна и извршна власт во новиот сојуз со право на одлука. Борис Елцин одбил да ја потпише белоруската варијанта на договорот за сојуз. Документот, кој бил потпишан на 2 април 1997 година не содржил конкретни ангажмани. Ова му овозможило на Александар Лукашенко да ја обвини руската влада дека не е подготвена да ги обедини двете земји.

Односите меѓу Москва и Минск се влошиле. Во летото на 1997 година избувнал политички скандал, кој започнал со апсењето на руските новинари во Белорусија под обвинение за нелегално преминување во белоруско-литванската граница. На 25 декември 1998 година била потпишана изјава за понатамошно обединување на Русија и Белорусија, договор за еднакви права на граѓаните и Договор за создавање на еднакви услови за стопанските субјекти. Договорот за основање на Сојузна држава меѓу Русија и Белорусија конечно била потпишана на 8 декември 1999 година[3], точно пред Елцин да ја напушти функцијата. Двете страни се обврзиле да ги интензивираат подготовките за единствен Уставен акт. Според ова, договорот влегол во сила на 26 јануари 2000 година. Во јануари 2000 година за државен секретар на Унијата бил избран Павел Бородин.

Владимир Путин пред споменикот на победата во Минск

Кога Владимир Путин ја презел функцијата тој изразил длабоко незадоволство со статусот на односи со Белорусија и го критикувал договорот од 1999 година. Неговиот предлог бил да се продолжи во обединување или да се создаде федерација кое би означувало дека Белорусија ќе се приклучи на Руската Федерација или пак да се изгради унија која би била слична на Европската унија. Сепак, Белорусија го одбил овој предлог и статус кво бил задржан[4].

Александар Лукашенко од своја страна изјавил дека сака да започне соработка со Западот. Сепак, западните политичари не биле подготвени за соработка, особено по 17 октомври 2004 година кога се одржал референдум како резултат на што од Уставот на земјата е отстрането ограничувањето на претседателство за два мандати. Ова му овозможило на Лукашенко повторно да се кандидира на претседателските избори во 2006 година. Откако Белорусија се нашла во меѓународна изолација, Александар Лукашенко ги засилил мерките за зајакнување на соработката со Русија. Тоа довело до серија од "обоени револуции" во поранешните советски територии, како и до обединување против "недемократска" Белорусија од раководители на поранешните советски републики - Украина, Молдавија, Грузија и Азербејџан. Во октомври 2004 година Русија го осудила воведувањето на американските економски санкции против Белорусија. Во октомври 2005 година претседателот на Државната Дума Борис Гризлов изјавил дека на 15 ноември 2005 проектот за Сојузната држава на Русија и Белорусија ќе биде претставен за разгледување на Високиот совет на Сојузната земја (вклучувајќи ги претседателите и вице-премиерите на двете земји), по што ќе биде подложен на референдум. Тоа серпак не се случило.

Во 2005 година, Александар Лукашенко ја посетил Русија и се сретнал со Владимир Путин повеќепати од сите други раководни претставници на земјите од ЗНД. Сепак, потпишувањето на Уставниот акт на Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија не се случило. Преговорите за единствената валута исто така имаат статус кво. Александар Лукашенко оценил дека годишните директни трошоци за воведување на единствена валута во Белорусија би биле околу $ 1,8 милијарди и изјавил дека тие трошоци треба да бидат компензирани.

Водачите на двете земји

Во пролетта на 2006 година во Белорусија се одржиле претседателски избори, како резултат на кои претседателот Александар Лукашенко бил реизбран на функцијата. Според неговите последни изјави на прес-конференција тој бил принуден да ги фалсификува резултатите од изборите, објавувајќи помал број гласови отколку што тој навистина добил. Според неговите зборови тој бил поддржан од 93,5% од избирачите. Според Лукашенко, тој наредил на Централната изборна комисија да ги намали индикаторите од резултатите за 10%. Веднаш по завршувањето на изборите Гаспром објавил нагло покачување на цените на рускиот гас за Белорусија. Во договорот од 2007 година била предложена цена на гасот од $200 за илјада кубни метри.

На 12 декември руската влада донела одлука според која треба да бидат оданочувани извозот на нафта за Белорусија. (извозот на руската нафта за Белорусија не се оданочува со давачки од Договорот за царинска унија меѓу двете држави од 12 мај 1995 година). Неколку дена подоцна во Кремљ се одржиле преговори меѓу Владимир Путин и Александар Лукашенко одржале средба. Спроведувањето на овие планови во Белорусија довело до економска рецесија и сериозни социјални катаклизми. Во врска со тоа, белоруската опозиција изразила загриженост дека претседателот Александар Лукашенко во оваа ситуација ќе биде принуден да ја преиспита својата негативна политика кон понатамошната интеграција на двете земји.

На 19 декември 2006 американскиот амбасадор во Минск Карен Стјуарт направил изненадувачка изјава според која САД не ги признава резултатите од референдумот за создавање на единствена држава меѓу Русија и Белорусија. Оваа изјава била направено како одговор на говорот на државниот секретар на Сојузната држава на Русија и Белорусија Павел Бородин, кој се изјаснил за одржување референдум во врска со обединувањето на двете земји и додал дека 2007 година ќе биде "од клучно значење за изградба на еднинна држава. Во меѓувреме, на 26 декември заменик-претседателот на "Гаспром" Александар Медведев изјавил дека Газпром постепено ја намалува цената и е подготвен да испорачува гас на Белорусија за само $ 105. Договорот меѓу Русија и Белорусија за цените на природниот гас во 2007-2011 биле потпишани.

Сепак на почетокот од 2007 година Русија вовела царина за извозот на нафта за Белорусија ($ 180.7 за тон) а "Белнефтехим" ги прекинал договорите со руски нафтени компании. На 3 јануари Александар Лукашенко најавил дека во случај да се воведе давачка врз снабдувањето со нафта, Белорусија ќе се воведе такса за "сите услуги кои Русија ги добива од Белорусија бесплатно.

На 6 јануари на амбасадорот на Белорусија во Москва му била врачена протесна нота со предлог за итно укинување на царините за транзитниот нафта. На 7 јануари "Транснефт" самостојно ја прекинал испораката на сурова нафта во нафтоводот. Раководството на Европската комисија направила посебна изјава дека прекинот на испораката на руска нафта за Европа преку Белорусија не претставувала закана за енергетика на земјите од ЕУ. На 9 јануари Владимир Путин и наредил на руската влада да создаде серија на мерки во поглед на Белорусија. Се претпоставува дека овие мерки вклучуват воведување на такси за белоруските стоки увезени во Русија со нулта царинска стапка. На 12 јануари Михаил Фрадков и Сергеј Сидорски потпишале договор "за мерките за решавање на економската и трговска соработка во областа на извозот на нафта и нафтени производи." Руската такса за извоз на нафта останала, но била намалена од $ 180 на $ 53 за тон нафта. На 7 февруари белорускиот опозициски водач Александар Милинкевич испратил отворено писмо до Лукашенко во кое му изразил поддршка во борбата со Русија за "зачувување на независноста на Белорусија.

Во јули 2010 година започнала да функционира царинската унија на Белорусија, Казахстан и Русија[5]. Според некои проценки Царинскиот сојуз ќе го поттикне економскиот развој и може да обезбеди дополнителни 15% во БДП на земјите учеснички до 2015 година.[6][7][8].

Во април 2011 година Белорусија го повлекла подигнато обвинение против Русија за воведување на царини за нафтените производи.[9][10].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Two Decades of the Russian Federation’s Foreign Policy in the Commonwealth of Independent States: The Cases of Belarus and Ukraine Архивирано на 20 ноември 2011 г., p. 17
  2. Doklad ‘Rossiia-SNG’: nuzhdaetsia li v korrektirovke pozitsiia Zapada? (Moscow: Sluzhba vneshnei razvedki Rossii, 1994)
  3. Two Decades of the Russian Federation’s Foreign Policy in the Commonwealth of Independent States: The Cases of Belarus and Ukraine Архивирано на 20 ноември 2011 г., p. 18
  4. Two Decades of the Russian Federation’s Foreign Policy in the Commonwealth of Independent States: The Cases of Belarus and Ukraine Архивирано на 20 ноември 2011 г., pp. 20-21
  5. «Союз трех»: Белоруссия сдалась // Интерфакс, 5 июля 2010
  6. Таможенный союз РФ, Белоруссии и Казахстана увеличит ВВП на 15 %
  7. От союза к пространству
  8. „Россия, Казахстан и Белоруссия создали Таможенный союз“. Архивирано од изворникот на 2011-05-30. Посетено на 2012-11-18.
  9. В странах СНГ: Кишинев и Тирасполь договариваются без Москвы
  10. Глава администрации президента РФ рассказал белорусским журналистам все об их стране и водаче NEWSru, 13 октября 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]