Четврток

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четврток, според ISO 8601, е четвртиот ден во седмицата, помеѓу среда и петок. По некои конценции, четвртоците во годината ги означуваат броењата на седмиците. Првата седмица се дефинира како седмица којашто го содржи првиот четврток во годината.

Во словенските јазици и во кинескиот, овој ден го носи името според бројот „четири“: štvrtok (словачки), čtvrtek (чешки), četvrtak (хрватски и босански), czwartek (полски), четверг (руски), четвртак (српски), четвер (украински). На кинески овој ден се вика 星期四, xīngqīsì („четврти“). Во грчкиот јазик за овој ден го користи бројот „пет“: Πέμπτη („петти“), а исто и во португалскиот: quinta-feira („петти ден“) и хебрејскиот: יום חמישי.

Името на овој ден на јазикот урду е Jumeraate, што значи „ноќта спроти петок“. Во религијата хинду, четврток е Guruvaar (ગુજરાતી), од Guru, санскритското име за најголемата планета Јупитер.

Четврток како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 10.
  2. Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 38-43.
  3. YouTube, Morphine - Cure for Pain (Full Album) (посетено на 16.6.2017)
  4. The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.