Штавенхаген

Координати: 53°42′N 12°54′E / 53.700° СГШ; 12.900° ИГД / 53.700; 12.900
Од Википедија — слободната енциклопедија
Штавенхаген
Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ на плоштадот во Штавенхаген
Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ на плоштадот во Штавенхаген
Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ на плоштадот во Штавенхаген
Грб на Штавенхаген
Штавенхаген во рамките на Германија
Штавенхаген
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Мекленбуршка Езерска Област
Месна заед. Штавенхаген
Градски единици 8
Градоначалник Бернд Манке (ДХС)
Основни податоци
Површина 40,84 км2
Надм. височина 45 м
Население 5.721 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 140 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. DM
Пошт. бр. 17153
Повик. бр. 039954
Портал www.stavenhagen.de
Местоположба на градот Штавенхаген во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област
Карта
Карта
Координати 53°42′N 12°54′E / 53.700° СГШ; 12.900° ИГД / 53.700; 12.900

Штавенхаген (германски: Stavenhagen) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 28 километри северозападно од Нојбранденбург. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Штавенхаген е поделен на следниве делови:

  • Амтсбринк
  • Базепол
  • Клоков
  • Келпин
  • Нојбаухоф
  • Прибенов
  • Штавенхоф
  • Вистграбов

Историја[уреди | уреди извор]

Замок Штавенхаген (барокен замок)
Барокна тулна црква во Штавенхаген

Градот е првпат споменат во 1230 под името Штовенхаге (Stovenhage).

Градот бил уништен кон крајот на Триесетгодишната војна во 1648. Големи пожари во 1727 и 1746 исто така уништиле големи делови од градот.

Денешниот замок Штавенхаген (Schloss Stavenhagen) бил изграден во 1740 на основите на претходната тврдина. Градската црква била повторно изградена помеѓу 1774 и 1790, а новото градско собрание било подигнато во 1788. Првата лагер пиварница во Мекленбург била основана во Штавенхаген во првата половина на XIX век.

Фриц Ројтер, познат писател (неговите дела биле помеѓу најпродаваните во неговото време), е роден во 1810 како син на градоначалник. Ројтер е сметан како еден од најзначајните писатели во долногерманската книжевност.

Во 1864, Штавенхаген бил поврзан со железничката мрежа, но железничката линија подоцна била размонтирана како дел од репарациите по Втората светска војна.

Индустрискиот развој кон крајот на XIX век придонел за отворање шеќерана, парна воденица, фабрика за тули, електрична станица, болница и противпожарна станица.

Од 1960, градот поседува музеј посветен на Фриц Ројтер (Fritz-Reuter-Literaturmuseum).

Националната народна армија на Источна Германија поседувала воена база во Базепол од 1974.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ и неговиот споменик пред самата зграда
  • Замок Штавенхаген
  • Старата синагога, една од неколкуте во Мекленбург кои ја преживеале нацистичкото време

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Штавенхаген е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]