Шаумбург

Координати: 52°15′N 9°10′E / 52.25° СГШ; 9.17° ИГД / 52.25; 9.17
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шаумбург
Landkreis Schaumburg

округ
Грб на Шаумбург Landkreis Schaumburg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеШтатхаген
Површина
 • Вкупна676 км2 (261 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно158.406
 • Густина230/км2 (610/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SHG, RI
Мреж. местоlandkreis-schaumburg.de

Шаумбург (германски: Schaumburg) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Нинбург, Хановер и Хамелн-Пирмонт и сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (окрузите Липе и Минден-Либеке).

Географија[уреди | уреди извор]

Северната половина на округот Шаумбург се наоѓа во Северногерманската Низина, а јужната половина во Везерското Средногорје. ОВа се состои од ридски масиви, како што се Везер, Харл, Зинтел, Бикеберг и Дајстер. Шаумбуршката Шума е постојана низа на дрвја во насока на околу 60 степени долж северната граница на округот. Во близина на границата е езерото Штајнхудер Мер со површина од 29,1 км2, најголемо во Северна Германија. Реката Везер тече западно долж јужниот раб на ридскиот масив Виен. Пејзажот на запад е одреден од реката Везер, која е граница со соседниот округ Минден-Либеке. Понатаму тече низ Порта Вестфалика низ градот Бремен и се влева во Северното Море.

Историја[уреди | уреди извор]

Грб на округот Шаумбург

Округот Шаумбург бил создаден на 1 август 1977 година во рамки на окружната реформа на Долна Саксонија со спојување на поранешните окрузи Шаумбург-Липе и Грофовија Шаумбург. Градот Хесиш Олдендорф бил преместен во округот Хамелн-Пирмонт. Општините Гросенхајдорн, Идензермор-Нинграбен и Штајнхуде веќе биле преместени во општината Вунсдорф, со што станале дел од округот Хановер.

На крајот, округот Шаумбург ги пресликал границите на Грофовијата Шаумбург од средниот век. Шаумбург бил грофовија основано на почетокот на XII век. Кратко потоа, светиот римски цар ги назначил грофовите на Шаумбург како грофови на Холштајн.

Во текот на Триесетгодишната војна, Шаумбуршката династија немала машки наследник и грофовијата била поделена на Шаумбург (кој станал дел од Хесен-Касел) и Шаумбург-Липе (1640). Како член на Рајнскиот Сојуз, Шаумбург-Липе прераснал во кнежевство. Во 1815 година, Шаумбург-Липе станал дел од Германскиот Сојуз, а во 1871 година дел и од Германското Царство. Во 1918 година станало република. Малата Слободна Држава Шаумбург-Липе постоела до 1946 година кога станала административна област во рамките на Долна Саксонија. Шаумбург-Липе имала површина од 340 км2 и население од 51.000 жители (во 1934 г.).

Хесенскиот Шаумбург бил припоен од Прусија заедно со остатокот на Хесен-Касел во 1866 година. По Втората светска војна, Шаумбург и Шаумбург-Липе станале окрузи во рамките на покраината Долна Саксонија, додека не биле споени повторно во 1977 година.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот е скоро идентичен до стариот грб на Шаумбург, кој се користел од XII век. Замокот Шаумбург, во средновековниот период бил седиште на грофовите на Шаумбург, е сместен на Неселберг („планина коприва“) во Шаумбург. Листот од коприва во средината на грбот станал хералдички симбол на Холштајн, со што се претставува историската поврзаност помеѓу Холштајн и Шаумбург.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Шаумбург
Градови Слободни општини
Општински заедници
  1. Бикебург
  2. Обернкирхен
  3. Ринтелн
  4. Штатхаген
  1. Ауетал

1. Ајлзен

  1. Анзен
  2. Бад Ајлзен1
  3. Буххолц
  4. Хесен
  5. Луден

2. Линдхорст

  1. Бекедорф
  2. Хојерсен
  3. Линдхорст1
  4. Лидерсфелд

3. Нендорф

  1. Бад Нендорф1, 2
  2. Хасте
  3. Хонхорст
  4. Зутфелд

4. Нидернверен

  1. Лауенхаген
  2. Мербек
  3. Нидернверен1
  4. Нордзел
  5. Полхаген
  6. Видензал

5. Нинштет

  1. Хелпзен1
  2. Хеспе
  3. Нинштет
  4. Зегебрух

6. Роденберг

  1. Апелерн
  2. Хилзеде
  3. Лауенау
  4. Месенкамп
  5. Поле
  6. Роденберг1, 2

7. Заксенхаген

  1. Аухаген
  2. Хагенбург
  3. Заксенхаген1, 2
  4. Велпингхаузен
1седиште на општинската заедница;2град

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

52°15′N 9°10′E / 52.25° СГШ; 9.17° ИГД / 52.25; 9.17