Црква Свети Антониј Падовански (Истанбул)

Координати: 41°01′52″N 28°58′34″E / 41.031° СГШ; 28.976° ИГД / 41.031; 28.976
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата Свети Антониј Падуа
St. Antuan Katolik kilisesi
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°01′52″N 28°58′34″E / 41.031° СГШ; 28.976° ИГД / 41.031; 28.976
Припадностхристијанство
Осветен1725
Архитектонски опис
Архитект(и)Џилио Мионгери
Архитектонски типцрква
Архитектонски стилНеоготика
Завршен1912
Особености
Сместивост40 000

Црквата Свети Антониј Падуа е христијански храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Овој објект бил изграден во 1725 година од страна на италијанската емиграција во Цариград, но многу брзо била демолирена и делумно разрушена. Денешната црква била изградена во периодот помеѓу 1906 и 1912 година со неоготски стил, а нејзин архитект е италијанецот Џилио Мионгери, кој има конструирано и многу други објекти во Истанбул и Анкара. Може да собере 40,000 верници.

Црквата се смета за базилика[1], и се одржува од страна на италијански свештеници. Саботната маса започнува во 19:00 часот, а неделната во 09:30 часот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [www.gcatholic.com/churches/asia/0515.htm „Basilique Saint Antoine de Padoue, Istanbul, Turkey“] Проверете ја вредноста |url= (help). Посетено на 16 март 2011.