Црква Берестово спасение

Координати: 50°26′22″N 30°31′35.4″E / 50.43944° СГШ; 30.526500° ИГД / 50.43944; 30.526500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Берестово спасение
Церква Спаса на Берестові
Церква Спаса на Берестові
Карта
50°26′22″N 30°31′35.4″E / 50.43944° СГШ; 30.526500° ИГД / 50.43944; 30.526500
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУПЦ-МП
Историја
Основана1893 и 2000
Посветена наМихаил Киевски
Архитектура
Архитект(и)Владимир Николаев
Стилукраински барок, класицизам
Завршена1640-1643
Урната1482
Физички особености
Сводови5

Црквата на Берестовото спасание (украински: Церква Спаса на Берестові) е црква која се наоѓа во Киев, Украина северно од Пештерниот манастир. И покрај тоа што се наоѓа надвор од комплексот, сепак е вклучен во спосокот на светско наследство на УНЕСКО во Украина.

Берестово во времето на Владимир Велики претставувал приградски резиденција, во почетокот на 11 век. Оваа резиденцвија била користена и од страна на некои негови наследници. Во 1073 година покрај ова место бил изграден манастир. Изградбата на сегашната структура не е документурана, но според поголемиот број на историчари, истиот бил завршен за време на владеењето на Владимир II (1113-1125).

Според усторичарите по уметност, оваа црква вовела некои структурни иновации во архитектурата на Киевска Рус. По смртта на Владимир II, црквата била користена од неговото семејство. Црквата била оштетена во 1240 од страна на Монголците, и повторно во 1482. До 17 век, црквата стоела во урнатини. Кон средината на 17 век, црквата била повторно подигната, разликувајќи се од претходната. Таа се одликува од прекрасните фрески во нејзиниот внатрешен дел, кои биле насликани од страна на грчки мајстори. Во 1751 година, внатрешноста на црквата била реновирена, и повторно во 1813-1814 година.